Свет
Лидерот на Курдите во Турција го продолжи прекинот на огин
Курдските бунтовници во Турција го продолжија едностраниот прекин на огин за неколку месеци, пишува во соопштението доставено денеска до Асошиејтед прес.
Курдските бунтовници во Турција го продолжија едностраниот прекин на огин за неколку месеци, пишува во соопштението доставено денеска до Асошиејтед прес.
Лидерот на Работничката партија на Курдистан (ПКК) Абдулах Оџалан кој се наоѓа во затвор, ги повика Курдите да ги одбегнуваат судирите, но да се бранат во случај на напад.
Агенцијата Фират њуз преку која се обраќаат Курдите, околу пладне пренесе, дека раководството на ПКК како услов за продолжување на прекин на огнот, кој истече на 15 јуни, побарале власта ја ги прекине воените операции и да го признаат Оџалан за соговорник во решавањето на курдското прашање.
ПКК прекин на огнот, прогласи на 13 август 2010. година и досега два пати го продолжуваше.
Судирите на југоистокот на земјата значајно се намалени од почетокот на примирјето , иако доаѓа до спорадични пресметки во тој дел на Турција.
Турските власти и властите од некои други земји, ПКК ја сметаат за терористичка организација. Според податоците на турската војска, во судирите на Курдите и турските сили од 1984. година , загинаа над 45.000 лица./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.