Контакт

Свет

Украина не го прекинува партнерство со НАТО

Објавено пред

Украина нема намера да го прекине партнерство со НАТО, но во исто време, во Киев уверуваат дека соработката со Алијансата не е насочена против Москва, изјави за РИА Новости денеска украински дипломатски извор.

dobivaj vesti na viber

Украина нема намера да го прекине партнерство со НАТО, но во исто време, во Киев уверуваат дека соработката со Алијансата не е насочена против Москва, изјави за РИА Новости денеска украински дипломатски извор. Соговорникот на агенцијата кој сакал да остане анонимен, ги коментирал неодамнешните написи во медиумите во двете држави, од кои може да се заклучи дека украинскиот претседател Виктор Јанукович зазема курс за обновување на односите со НАТО. Во вторникот, рускиот магазин „Коммерсант“ направи пресек на активностите за соработка во рамките на комисијата НАТО – Украина – (НУК) повикувајќи се на документ што го добил од свои извори, при што истакнува дека оваа година Украина и НАТО планираат да се одржат 64 средби на нивните претставници. Првата верзија на овој таен документ е одобрена од страна на НАТО и на Киев на 23 февруари оваа година – ден пред украинскиот премиер Микола Азаров да ја одобри „Годишната програма за соработка на комисијата Украина – НАТО“ кога деталите за оваа соработка не беа обелоденети. Според магазинот, на 23-ти мај во распоредот за одржување на средбите биле направени промени, а ажурираната верзија на документот е потпишана од заменикот на Генералниот секретар за политички прашања на НАТО, Џејмс Апатураи.На инсистирање на РИА Новости да биде коментирана оваа тема, соговорникот на агенцијата посочува дека соработката на Киев и НАТО дејствува според формула „сè, освен членство“. Соговорникот, исто така, посочува дека „партнерството (со НАТО), „никогаш нема да биде прекинато“.„Ако некој во Русија има илузии за тоа, тоа е нивен проблем, никогаш не се случило некој да одбие да соработува со најмоќната воена организација во светот“, вели за РИА Новости украинскиот дипломатски извор. Тој истакна дека соработката со НАТО, на Украина ќе и’ дозволи да спроведе реформи во одбраната и преквалификација на воениот персонал. Покрај тоа, соработката со Алијансата ќе и’ помогне на Украина „да спроведува воени вежби, за кои, отворено говорејќи, во украинскиот буџет нема пари“.„За сé што ние правиме со НАТО, секогаш отворено ги информираме руските партнери“, вели на крајот украинскиот дипломат./крај/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израелската војска пак го нападна Иран

Објавено пред

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.

dobivaj vesti na viber

„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Објавено пред

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“

dobivaj vesti na viber

Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.

„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

Прикажи повеќе...

Свет

Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт

Објавено пред

Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.

dobivaj vesti na viber

Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет2 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет4 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија6 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет8 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет9 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет14 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет17 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет18 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет18 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет19 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет19 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет19 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија20 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет20 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет20 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет23 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија1 ден

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет1 ден

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...