Свет
Сé повеќе се одгледува генетски модифицирана марихуана
Час возење од Кали, третиот по големина град во Колумбија, се наоѓаат полиња и пластеници во кои се одгледува генетски изменета марихуана којашто е посилна и поисплатлива од обичната марихуана.
Час возење од Кали, третиот по големина град во Колумбија, се наоѓаат полиња и пластеници во кои се одгледува генетски изменета марихуана којашто е посилна и поисплатлива од обичната марихуана.Во оваа област во југозападниот дел од Колумбија, 500 километри југозападно од главниот град Богота, населението тврди дека отсекогаш го одгледувале растението со ѕвездести листови, а ботаничарите сметаат дека растението марихуана дури во 1930-те години е донесено во оваа земја, која инаку е познат по производство на кокаин.Локалната полиција тврди дека последна „мода“ е сеењето на генетски изменетата марихуана којашто се набавува од САД и од Европа. Таа овозможува „поголемо производство и воедно подобар квалитет за покусо време“.Пазарната вредност на оваа генетски мутирана марихуана во споредба со обичната е многу поголема поради значително поголемото количество на THC, психоактивната материја, која изнесува околу 18 отсто, а обичната има само два до 7 проценти, вели за АФП полицискиот началник во Кали, Карлос Родригез. Видот кој ја достигнува најголемата цена а позната како „крипи“ (creepy), се одгледува во пластеници. Сопственикот на еден од таквите плaстеници вели дека за килограм од оваа марихуана тој добива 38 евра, што е десет пати повеќе од цената на обичната марихуана. Одгледувањето на модифицираната марихуана со неверојатна брзина се шири низ Колумбија, којашто е најголемиот светски производител на кокаин.„Годинава до јуни запленивме 27 тони марихуана, додека за целата ланска година запленивме 23 тони. Што е загрижувачки бидејќи со парите од препродажбата на опијатите се финансираат герилските групи кои стануваат сé, пoмoќни и можат да набават поголеми количества оружје и експлозиви“, вели Родригез./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

