Свет
Асад објави општа амнестија
Сирискиот претседател Башар ал-Асад објави општа амнестија, ден претходно тој вети широки, но се уште нејасни реформи, со цел да го ублажи тримесечниот народен бунт против неговото автократско владеење.
Сирискиот претседател Башар ал-Асад објави општа амнестија, ден претходно тој вети широки, но се уште нејасни реформи, со цел да го ублажи тримесечниот народен бунт против неговото автократско владеење. Амнестијата, втора во последните три недели, ќе се однесува на сите оние кои сториле кривични дела до 20 јуни, јави државната новинска САНА. По првата амнестија властите ослободија стотици политички затвореници, но групите за човекови права тврдат дека има уште илјадници во сириските затвори. Асад вчера изјави дека ќе разгледа, заедно со министерството за правда објавување на поширока амнестија, бидејќи по средбите со локалните лидери тој смета дека првата амнестија не била задоволителна. Денеска десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на сириските градови Дамаск, Алепоу и Дера за да му дадат поддршка на Асад. крај/s-x/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

