Свет
Нови судири во Белфаст
Фотографот на британската агенција Press Association е застрелан во нога, а уште две лица се повредени во Белфаст, во втората последователна ноќ на судири помеѓу протестантите и католиците
Фотографот на британската агенција Press Association е застрелан во нога, а уште две лица се повредени во Белфаст, во втората последователна ноќ на судири помеѓу протестантите и католицитеПолицијата денеска соопшти дека во пресметката со молотови коктели, петарди, камења и други предмети во населбата Њутонардс во источен Белфаст учествувале околу 700 луѓе. И претходната ноќ во судирите, кои локалните политичари ги опишаа како најлоши последната деценија, две лица завршија во болница со прострелни рани од огнено оружје. Полицијата се уште нема утврдено кој синоќа го ранил фоторепортерот во нога, додека за другите двајца повредени соопшти дека се хоспитализирани поради изгореници. Пресметката била прекината дури откако полицијата во Њутонардс добила големи засилувања и употребила димни бомби и солзавец. Насилствата избувнаа во пресрет на сезоната на паради на протестантите во источен Белфаст, претежно населен со протестанти, но со големи католички енклави, период во кој често доаѓа до судири помеѓу двете заедници. Ирските протестанти со парадите ги одбележуваат британските победи над католиците во текот на историјата, што протестантите го сметаат за дел од нивниот културен идентитет. Католиците, пак, парадите ги доживуваат како провокации. /крај/блиц/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

