Свет
Јемен : Убиени тројца припадници на Ал Каеда

Јеменските безбедносни сили убија денеска три лица од групата од околу 60 наводни припадници на Ал Каеда, кои минатата недела избегаа од затвор, пренесе Асошијетед прес.
Јеменските безбедносни сили убија денеска три лица од групата од околу 60 наводни припадници на Ал Каеда, кои минатата недела избегаа од затвор, пренесе Асошијетед прес.
Овие три лица чекаа егзекуција во затворот Мукала на југот на Јемен кога затворениците ги нападнаа стражарите, им го грабнаа оружјето и избегаа низ тунел.
За време на денешните судири, двајца пребегани затвореници убиени се од огнено оружје додека околностите под кои умрел третиот засега не се јасни, соопштија медицинските служби пренесе АП.
Според безбедносни извори, истрагата за бунтот во затворот, покажа дека затворениците имале мобилни телефони и експлозивни направи, пишува агенцијата. /крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската армија пресретна ракета од Јемен, се огласија сирените

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Сирените се огласија во неколку области на земјата, соопшти претходно израелската војска.
Сирени се огласија и во некои делови на Ерусалим, соопштија новинарите на АФП.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, јеменските Хути, кои се врзани со Иран, продолжија да истрелуваат ракети врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Повеќето од проектилите на таа група биле пресретнати или неуспешни. Хутите не го коментираа последното лансирање ракета.
Свет
Американец со закана изнудил експлицитни снимки на 108 девојчиња, најмалото имало само пет години

Американецот Чејс Малиган се изјасни за виновен дека принудил најмалку 108 девојчиња на возраст од пет до 17 години да прават експлицитни видеа преку Интернет во период од четири години.
Малиган, како дел од договорот за признавање на вината со обвинителите, признал дека ги изнудувал таквите видеа од девојчињата заканувајќи се дека ќе ги објави видеата што веќе ги имал, ќе им каже на нивните родители или ќе ги нападне нивните семејства, пишува Вашингтон пост.
Повеќето од жртвите живеат во САД, но Малиган уценувал и девојчиња од Австралија, Канада, Данска, Шпанија, Обединетото Кралство и Филипините, комуницирајќи со нив преку „Снепчет“, „Инстаграм“, „Скајп“, „Дискорт“, „Роблокс“ и други апликации.
Истрагата почна во летото 2022 година, кога инспекторите дознале дека лице кое користи профил на „Снепчет“ експлоатирало две дванаесетгодишни девојчиња, како и петгодишно девојче во Тенеси.
Откако ја пронашле адресата, Малиган бил уапсен во неговиот дом во Мерлинед. На Малиган (28) му се заканува затворска казна од минимум 15, а најмногу 60 години за изнуда, експлоатација и производство на детска порнографија.
Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.