Свет
Морското дно крај Фукушима е радиоактивно
Радиоактивен стронциум е пронајден на морското дно во близина на оштетената нуклеарна централа „Даиичи“ во Фукушима, јавува агенцијата Кјодо.
Радиоактивен стронциум е пронајден на морското дно во близина на оштетената нуклеарна централа „Даиичи“ во Фукушима, јавува агенцијата Кјодо.Токиската компанија за електрична енергија, под чија одговорност е нуклеарката, соопшти дека на дното од морето, на оддалеченост од три километра од брегот, се пронајдени траги од стронциум 89 и стронциум 90, со силина меѓу 10 и 44 бекерели. Појасот кој е радиоактивен се протега на 20 километри северно и јужно од нуклеарната централа. Стронциумот 90 има период на полураспаѓање од 29 години. Јапонската Комисија за нуклеарна безбедност најави дека ќе започне со детални истражувања за тоа како и дали радиоактивните материјали ќе влијаат врз морската флора и фауна. Североисточниот брег на Јапонија на 11-ти март беше погоден од земјотрес со магнитуда од девет степени според Рихтеровата скала, кој предизвика цунами и експлозии во нуклеарката во Фукушима и ја поттикна најголемата нуклеарна криза од онаа во Чернобил во 1986 година. Цунамито кое следеше по земјотресот се прошири на 561 квадратен километар. Огромните бранови навлегоа 10 километри во внатрешност, уништувајќи се пред себе.Во катастрофата загинаа најмалку 15.000 луѓе, 9.893 се уште се водат како исчезнати, а вкупната штета се проценува на 184 милијарди долари. /крај риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

