Свет
Франција призна дека ги снабдува со оружје либиските бунтовници
Генералштабот на вооружените сили на Франција во средата потврди дека француски воени авиони доставувале оружје за бунтовниците во Либија, пренесува агенцијата AFP
Претходно во средата весникот Figaro објави дека Франција тајно ги вооружувала берберските племиња во планините јужно од либиската престолнина Триполи. Весникот пишува дека француските воени авиони на почетокот од мај започнале да исфрлаат со падобран воена опрема на специјално подготвени места во шумите на планинаната Нафус. Опремата наменета за Берберите содржела гранати, противтенковски наведувани проектили, автоматски пушки и митралези. Според претставникот на францускиот Генералштаб, полковникот Тиери Буркхард, во почетокот на јуни во Либија во планинскиот венец Нафус се влошила хуманитарната ситуација и француските воздушни сили исфрлале пакети со храна, вода и лекови. „За време на операцијата, ситуацијата во која се најдоа локалните жители се влоши, а ние, исто така, исфрлавме оружје и муниција за тие да може да се заштитат“, призна Буркард. Тој истакна дека оружјето било наменето за употреба од страна на цивилното население и се состоело претежно од автоматски пушки. Висок извор запознаен со ситуацијата, изјави на агенцијата дека Франција со падобрани зад копнените граници на Либија им доставила на бунтовниците околу 40 тони оружје.Франција стана првата земја на НАТО, која им доставува оружје на либиските бунтовници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

