Свет
Армијата ја презеде контролата врз каирскиот плоштад Тахрир
Воените сили на Египет во средата навечер ја зеле контролата врз плоштадот Тахрир во центарот на Каиро и ги затвориле сите пристапи кон него, јави порталот Мasravi.
Воените сили на Египет во средата навечер ја зеле контролата врз плоштадот Тахрир во центарот на Каиро и ги затвориле сите пристапи кон него, јави порталот Мasravi.Како што пишува порталот, под посебна заштита е ставена зградата на министерството за внатрешни работи, до која во вторникот и во средата се обидуваа да се пробијат демонстрантите. Војската одлучи да интервенира на каирскиот плоштад Тахрир и да го преземе обезбедувањето на просторот и околните улици во регионот Тахрир откако во средата во вечерните часови повторно почнале да се собираат групи од агресивно настроени млади луѓе, кои извикувале слогани барајќи оставка од министерот за внатрешни работи Мансур ал-Исав. Властите стравуваат од повторување на судирите на Тахрир во кои според египетското министерство за здравство, настрадале 1.114 лица, пишува интернет изданието на дневниот весник Al Аhram.Во вторникот навечер на Тахрир групи млади лица се судрија со полицијата. Во средата областа беше делумно блокирана од демонстрантите а повторно се појавија барикади на улиците. Демонстрантите испровоцираа судири со полицијата.Воените власти и владата го повикаа населението да остане смирено и да не подлегнува на провокации. Министерството за внатрешни работи на Египет вети дека темелно ќе ги разгледа случувањата и ќе ги казни одговорните.Станува збор за најмасовните и најжестоки судири последната седмица, по бунтот кој изби пред пет месеци кога револуцијата успеа да го собoри од власт деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, но сега особено младите ги бараат ветените политички реформи. Последните судири избувнаа кога семејствата на загинатите во протестите против Мубарак во вторникот навечер во центарот на Каиро одржаа собир посветен на жртвите. Некои семејства пак протестираа што имињата на нивните блиски загинати не биле споменати. Притоа изби масовна тепачка која продолжи на централниот плоштад во Каиро.Моментално владејачкиот Врховен воен совет преку Фејсбук издаде соопштение за тоа дека последните случувања „немаат оправдувања, туку нивната цел е дестабилизација на безбедноста на Египет организирано со план кој ја користи крвта на револуционерните мачениците и сее поделба меѓу народот и безбедносните органи“.Премиерот Есам Шараф на египетската државна телевизија вечерва изјави дека го следи развојот на настаните и очекува целосен извештај за судирите. Египетскиот претседател Хосни Мубарак поднесе оставка на 11-ти февруари, откако избувнаа масовните безредија предизвикани од лошата економска ситуација во земјата. Тој му ја предаде власта на Врховниот совет на вооружените сили на Египет. Во последните неколку седмици, се зголемува новиот бран на народното незадоволство против воените власти, кои се обвинуваат за одложување на демократските реформи. На 8 јули во Египет се закажани уште едни масовни протест во знак на поддршка на демократските реформи./крај/аа/ро/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

