Свет
Убиен лидерот на талибанската мрежа во Авганистан
Силите на НАТО во Авганистан во мисијата ИСАФ во четвртокот во воздушен напад го убиле еден од позначајните лидери на талибанската мрежа Хакани, Исмаил Џан
„Исмаил Џан, еден од помошниците на командантот на мрежата Хакани во Авганистан, Хаџи Мали Кан и уште неколкумина припадници на Хакани, се убиени во средата во југоисточната покраина Пактија“, се наведува во соопштението на мисијата ИСАФ. Како што стои во соопштението на Алијансата, Исмаил Џан е осомничен дека е вмешан во нападот извршен во вторникот навечер во хотелот „Интернационал“ во Кабул кога загинаа 12 лица. За овој напад одговорноста ја преземаа талибаните, Џан се сомничи дека со опрема и оружје им помогнал на извршителите на самоубиствениот напад.ИСАФ обајви дека Џан стоел на чело на групата од триесетина бунтовници кои ги воделе нападите врз авганистанскитеи врз силите на НАТО во покраините Пиктиа и Кост, талибански упоришта смештени долж границата со Пакистан, зад која се простира провинцијата Северен Вазиристан каде е лоцирана базата на талибанската мрежа Хакани. Мрежата го доби името според муџахединскиот командант Џалалудин Хакани кој во 1980-те се бореше против советската инвазија во Авганистан. Американскиот дневен весник Washington Post во средата пишуваше дека САД извршиле напад со беспилотно летало во Сомалија, пти што биле ранети два високо позиционирани припадници на на милитантната сомалиска групација АлШабаб, којашто е тесно поврзана со Ал Каеда. Според весникот, кој се повикува на изјава на висок американски воен функционер , беспилотно летало мината седмица излвела напад врз водачите на Ал Шабаб кои се директно поврзани со Анвар ал-Авлаки, клерик роден во САД кој успеа да го избегне американскиот напад во Јемен. Washington Post во своето електронско издание пишува дека американските функционери од тајните служби ја добиле информацијата според која водачите на Ал Шабаба планирале да дејствуваат надвор од границите на Сомалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди се искачи на 16
Бројот на загинати во пукањето на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и едно дете, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк.
Бројот на повредени и хоспитализирани исто така се зголеми, од 29 на 40.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери.
Свет
(Фото) Илјадници на улиците на Будимпешта – бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца
Илјадници граѓани излегоа на улиците на унгарската престолнина во саботата, барајќи оставка од премиерот Виктор Орбан поради скандалот со злоупотреба на деца во воспитно-поправен дом за малолетници во Будимпешта.
Протестот беше предводен од лидерот на опозицијата Петер Маѓар, кој со демонстрантите маршираше до канцеларијата на премиерот. Граѓаните носеа транспаренти со пораки „Заштитете ги децата“ и плишани играчки, во знак на солидарност со жртвите на насилството.

Повод за протестите е видеото објавено претходно оваа недела, кое наводно го прикажува службеникот, кој до неодамна беше вршител на должноста директор на малолетнички поправен дом во Будимпешта, како се впушта во серија насилни дела, вклучително и клоцање дете кое лежи на земја и удирање на главата на друго дете од маса.
Осомничениот поднесе оставка и е приведен, а полицијата изврши рација и приведе уште неколку лица. Истрагата е во тек.
Орбан изјави дека насилството е неприфатливо, нагласувајќи дека и малолетните деликвенти не смеат да бидат третирани на таков начин, но додаде дека станува збор за специјална институција во која се сместени лица осудени за тешки кривични дела. Овие изјави предизвикаа дополнителни критики во јавноста и обвинувања за релативизирање на случајот.
Опозицискиот лидер Маѓар ја обвини владата за неуспех да ги заштити децата во системот за социјална заштита и побара политичка одговорност. Неговата партија Тиса, според анкетите, води пред парламентарните избори закажани за април.
Скандалот дополнително го зголемува притисокот врз Орбан, само неколку месеци пред изборите, а аналитичарите оценуваат дека темата за заштита на децата и институционалната одговорност ќе биде клучна во претстојната кампања.
Свет
Сè што досега е познато за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј
Најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени во терористички напад што се случи за време на прославата на првата ноќ на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Меѓу загинатите има 12-годишно девојче и рабин, пренесуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс воведе безбедносен кордон околу делови од плажата Бонди. Во близина на местото на нападот беше пронајдено возило со импровизирани експлозивни направи, кои подоцна беа безбедно отстранети од специјалните служби.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, ја пофали храброста на граѓанин кој се соочил со еден од напаѓачите и му го одзел оружјето.
„Тој човек е вистински херој и без сомнение спаси многу животи“, рече Минс.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери. Израелскиот претседател Исак Херцог го нарече нападот „подол терористички чин“, додека британскиот премиер Кир Стармер и лидерите на повеќе европски земји изразија солидарност со Австралија и семејствата на жртвите.

