Свет
Британците штрајкуваат поради пензиските реформи
Во Велика Британија започна 24-часовниот штрајк на вработените во јавниот сектор, поради најавените реформи во пензискиот систем.
Во Велика Британија започна 24-часовниот штрајк на вработените во јавниот сектор, поради најавените реформи во пензискиот систем. Во целата земја делумно или целосно не работат училиштата, судовите и другите јавни установи. Граѓаните се предупредени на можни застои во јавниот и воздушниот сообраќај. Весникот Гардијан пренесува најавите на синдикалните лидери, дека се очекува на штрајкот да присуствуваат 750.000 луѓе. Граѓаните се противат на реформата на пензискиот систем, работниците да работат повеќе, а да добиваат помали пензии. Британската власт тврди дека реформата е неопходна бидејќи државата „не може да се справи со се поголемиот број на пензионери кои се на товар на се помалиот број на вработени. крај/guradian/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

