Свет
Властите на Либија и бунтовниците разговараат за мирно решени во Рим
Средба на претставници на либиската влада со бунтовниците се одржала во Италија, а исто така и во Египет и во Норвешка, пишува во понеделникот Reuters, повикувајќи се на изјава на портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим.
Средба на претставници на либиската влада со бунтовниците се одржала во Италија, а исто така и во Египет и во Норвешка, пишува во понеделникот Reuters, повикувајќи се на изјава на портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим. „Последните неколку седмици преговорите за мирното решавање на либиската криза се случија во неколку градови во светот“, ја цитира агенцијата изјавата на портпаролот Муса примената на Ибрахим. Според Ибрахим, на состанокот одржан во Рим, бунтовниците биле претставени од поранешниот министер за безбедност на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи, Абдел Фатах Јунис. Тој премина на страната на бунтовниците уште во февруари и застана на чело на опозициското движење. Претходно во понеделникот ќерката на либискиот лидер, Ајша Гадафи, потврди дека властите одржуваат „директни и индиректни контакти“ со бунтовницита. Според Ајша, окружувањето и самиот Гадафи се стремат кон запирањето пролевање либиска крв и дека за тоа „ние сме подготвени да влеземе во сојуз дури и со ѓаволот, со вооружените бунтовници.“ Премиерот Багдади Махмуди на 18-ти јуни изјави дека владата на Либија е во контакт со противниците ма лидерот Моамер Гадафи. Специјалниот пратеник на рускиот претседател за Африка, Маргелов, по неговата посета на Триполи, исто така, рече дека либиските власти го уверувале дела се остваруваат директни контакти меѓу Триполи и Бенгази. Во мешувреме, бунтовниците ги негираа информациите за овие контакти./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

