Свет
Најмалку 13 мртви во судир на американско-мексиканската граница

Најмалку 13 вооружени лица се убиени во судир со мексикански војници во близина на градот Рио Браво, на американско-мексиканската граница.
Најмалку 13 вооружени лица се убиени во судир со мексикански војници во близина на градот Рио Браво, на американско-мексиканската граница.Вооружената група отворила оган од куќа на војниците што патролирале во руралниот дел во близина на пограничниот град, информира за Франс Прес неименуван извор од мексиканската војска. Војниците одговориле на нападот, при што се убиени најмалку 13 напаѓачи. Според истиот извор, по нападот војската запленила седум борбени возила и уапсила човек од соседна куќа, кај кого била пронајдена автоматска пушка. Во северниот дел на Мексико делува нарко-картелот Зетас, чиј лидер и основач, Хесус Енрике Реон Агилар беше уапсен во неделата поради убиство на американски федерален агент. Во северната мексиканска држава Тамаулипас, која е главен коридор за шверц на дрога во САД, се распоредени над 4.000 војници. /крај/блиц/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Воз во Русија налета на експлозив поставен под шините

Во рускиот Белгородски регион воз налета на експлозивна направа, предизвикувајќи експлозија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Според прелиминарните информации, возот налетал на експлозивна направа поставена под шините“, напиша тој.
Повредени нема, но оштетена е контактната мрежа на железничката пруга.
Железничкиот сообраќај е привремено во прекин. Сите служби за итни случаи се на терен.
Свет
Трамп бара имиња на странските студенти кои студираат на „Харвард“: Сакаме да знаеме од каде се

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти.
„Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон Соединетите држави, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера да го направат тоа“, напиша Трамп на „Тру соушал“.
Тој истакна дека неговата администрација сака да знае кои се и од каде се странските студенти и додаде дека Харвард „не е многу отворен“.
„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.
Според податоците на Харвард, во оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а најмногу се од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија.
Во учебната 2024-2025 година на Харвард беа запишани 6.793 студенти на додипломски и магистерски студии од 147 земји.
Странските студенти немаат право на какво било федерално финансирање, според делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, додавајќи дека колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странски студенти.
Свет
Малта ќе ја признае Палестина следниот месец

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.
Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.
„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.
Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.