Свет
Во Белорусија 140 луѓе во затвор поради антивладини протести

Најмалку 140 луѓе се осудени во Белорусија на затворски казни до 15 дена, поради учество во антивладините демонстрации коишто полицијата безмилосно ги растури, соопштија од организацијата за човекови права.
Најмалку 140 луѓе се осудени во Белорусија на затворски казни до 15 дена, поради учество во антивладините демонстрации коишто полицијата безмилосно ги растури, соопштија од организацијата за човекови права. Според податоците на организацијата, во Минск се осудени околу 100 луѓе кои учествувале на демонстрациите против режимот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, одржани во неделата ширум земјата. Во останатите градови на Белорусија 40 луѓе се казнени од 2 до 15 дена. „Ако мислите дека можете да ја исплашите целата нација, силно се лажете“ се наведува во соопштението на организаторите на демонстрациите објавена на нивниот веб-сајт.Во соопштението на организаторите се вели дека нивната цел не е „зголемување на платите од 20 долари“, туку слободата. Како што наведува агенцијата Франс прес, од претседателските избори одржани во декември во Белорусија е засилена репресијата и повеќе лидери на опозиционите партии се уапсени./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Медведев му одговори на Трамп: Знам само едно лошо нешто, а тоа е трета светска војна

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи по острите пораки на американскиот претседател, Доналд Трамп, за Русија и претседателот Владимир Путин.
„Што се однесува до зборовите на Трамп за тоа како Путин си игра со оган и како навистина лоши работи ѝ се случуваат на Русија, знам само едно навистина лошо нешто – тоа е трета светска војна. Се надевам дека Трамп го разбира ова!“, напиша Медведев на Телеграм.
„Она што рускиот претседател Владимир Путин не го разбира е дека, да не бев јас, многу навистина лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија; мислам, навистина лоши. Тој си игра со оган“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Свет
Трамп: Одлуката за воведување царини од 50 отсто за ЕУ даде успех

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата одлука да воведе царина од 50 проценти врз Европската Унија била успех, тврдејќи дека тоа го поттикнало блокот да ги забрза преговорите, објави „Политико“.
„Исклучително сум задоволен од одредбата за царина од 50% за Европската Унија, особено затоа што тие ги одложуваат (благо речено!) нашите преговори со нив“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
„Информиран сум дека ЕУ повика брзо да се закажат датуми за состаноци. Ова е позитивен развој на настаните и се надевам дека, конечно, како што ја замолив Кина да го стори тоа, ќе ги отвори европските земји за трговија со Соединетите Американски Држави. „И двете (држави) ќе бидат многу среќни и успешни, ако го сторат тоа!!!“, додаде тој.
Изјавата доаѓа по релативното смирување на односите меѓу Брисел и Вашингтон, откако разговорот меѓу Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата доведе до одложување на воведувањето царина од 50 проценти за сите европски стоки од 1 јуни до 9 јули.
Разговорот означи позитивен пресврт во преговорите меѓу двете страни, по месеци растечко европско незадоволство од неуспехот на Вашингтон да ги прифати предлозите на блокот и наместо тоа да бара еднострани отстапки.
„Разговорот меѓу Трамп и фон дер Лајен во неделата даде нов импулс на преговорите меѓу двете страни“, изјави вчера Паула Пињо, главната портпаролка на Европската комисија.
„И ќе продолжиме оттаму“, рече Пињо. „Позитивно е да се види дека има ангажман и на претседателско ниво, а од наша страна секогаш сме велеле дека сме подготвени да постигнеме договор.“
Свет
Кенеди Џуниор: Вакцините против коронавирус повеќе не се препорачуваат за здрави деца и бремени жени

Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, објави дека вакцините против коронавирус повеќе не се препорачуваат за здрави деца и бремени жени.
Во видео објавено на социјалната мрежа X, Кенеди рече дека ја отстранил препораката од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за вакцинирање на здрави деца и бремени жени против коронавирусот. Американските здравствени службеници, следејќи ги препораките на експертите за заразни болести, досега охрабруваа годишна вакцинација против коронавирус за сите Американци над шест месеци.
Советодавниот панел на ЦДЦ е закажан да се состане во јуни за да даде препораки за есенска вакцинација. Сепак, Кенеди одлучи дека нема да чека на тие препораки. Тој предупреди дека се препорачуваат годишни вакцини против коронавирус за деца „и покрај недостатокот на какви било клинички податоци“ за да се поддржи таа одлука.
Кенеди и други претставници на администрацијата на Трамп се обидуваат да ги стеснат препораките за вакцина против Ковид-19 и да додадат ограничувања за одобрување на вакцината.