Свет
Шеснаесет затвореници загинаа во Казахстан при обид за бегство

Сите 16 затвореници кои се обидоа да побегнат од еден затвор во Казахстан загинаа во експлозијата што самите ја предизвикаа, соопштија локалните власти.
Сите 16 затвореници кои се обидоа да побегнат од еден затвор во Казахстан загинаа во експлозијата што самите ја предизвикаа, соопштија локалните власти.Според извештаите во медиумите, бегалците од затворот во градот Балкаш предизвикале експлозија во зградата во која што се криеле од специјалците.„Сите кои што се обидоа да побегнат загинаа. Останатите затвореници се на своите места и оперативната состојба е под контрола“, изјави претседателот на комитетот на казнениот систем на Казахстан, Султан Кусетов. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Денеска средба Трамп-Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се среќаваат во Алјаска денес во 21:30 часот.
Трамп рече дека верува оти неговиот руски колега Владимир Путин ќе се согласи на договор и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара состанок.
Американскиот претседател рече дека не е сигурен дека може веднаш да се постигне прекин на огнот, но изрази интерес за посредување во мировен договор.
Путин претходно рече дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина и сугерираше дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за нуклеарно оружје како дел од пошироките напори за зајакнување на мирот.
„Во зависност од тоа што ќе се случи со состанокот, ќе го повикам Зеленски или едноставно ќе си одам дома“, рече Трамп.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Дачиќ: Хрват е уапсен за време на протестите, толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ по полноќ објави дека полицијата била подложена на „брутално насилство“ и дека најмалку 42 полицајци биле повредени, најмногу во Белград – 26, седум во Ваљево и девет во Панчево, објави РТС.
Уапсени се 37 лица, меѓу кои и хрватски државјанин, идентификуван како Б.Х. (23), кој, според Дачиќ, ја нападнал жандармеријата.
„Толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор“, рече Дачиќ, кој е и заменик-премиер на српската влада, која ги нарекува протестите „обоена револуција“, со обвинувања дека се поддржани и платени од странство.
„Амбасадата на Република Хрватска не е официјално информирана дека некој е уапсен, па затоа не можеме да кажеме ништо повеќе“, изјави за „24сата“ Иван Зеко-Пивач, заменик-шеф на дипломатската мисија во хрватската амбасада во Белград.
„Доколку информациите се точни, Република Србија ќе не контактира со дипломатска нота дури откако ќе се утврди притвор“, вели Зеко-Пивач.
Тој исто така додава дека се поставува многу важно прашање дали уапсеното лице има двојно државјанство.
„Доколку е и хрватски и српски државјанин, тогаш немаме можност за конзуларно дејствување на територијата на Република Србија“, заклучи тој, додавајќи дека „вообичаен наратив е дека постои некаков странски фактор, па затоа сè треба да се земе со резерва“.
фото: принтскрин
Свет
Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на Пјонгјанг, соопшти рускиот парламент во четврток. Володин, близок сојузник на претседателот Владимир Путин, му ги пренесе поздравите на рускиот лидер и му се заблагодари на Ким за поддршката на Северна Кореја за воената кампања на Русија во Украина.
Путин разговараше со Ким по телефон во вторникот и го информираше за планираните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска.
Ким испрати одговор на писмото на Путин, кое го достави Володин по повод 80-годишнината од ослободувањето од јапонската колонијална власт, објави во петокот севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Во писмото до Путин, Ким наведува дека севернокорејските и руските војници воспоставиле „пријателство и единство“ на бојното поле за да се борат против „заеднички непријател“ што тој не го идентификувал, според КЦНА.
Пјонгјанг и Москва го потврдија распоредувањето на севернокорејски трупи за поддршка на руската офанзива против Украина, насочена кон враќање на регионот Курск. Разузнавачката агенција на Јужна Кореја во јуни соопшти дека Северна Кореја е потенцијално подготвена да испрати повеќе трупи во Русија.
фото: принтскрин