Свет
Саудиските власти открија заговор за соборување на режимот
Во Судиска Арабија е разобличена „подземна организација“ која планирала соборување на владејачкиот режим во земјата,пишуваат во средата арапските медиуми повикувајќи се на изјавата на официјалниот портпарол на Министерството за правда на Кралството, Абдула ал-Саадан.
Во Судиска Арабија е разобличена „подземна организација“ која планирала соборување на владејачкиот режим во земјата,пишуваат во средата арапските медиуми повикувајќи се на изјавата на официјалниот портпарол на Министерството за правда на Кралството, Абдула ал-Саадан.Според него, во тајната организација членувале од 16 лица, повеќето од нив професори и студенти од локалните универзитети, а таа ги „финансирала терористичките групи и планирала заговор со цел да ја приграби власта во кралството, со поддршка на странски разузнавачки служби“.Ал-Саадан, исто така, рече дека „членовите на разоткриената група се обиделе да ја поткопаат стабилноста во земјата и да формираат сојуз со анти-владини групации кои дејствуваат во Ирак“. За финансирање на активностите на „поткопувачката“ организација, бил основан фонд „Проектот поколенија“ под изговор за хуманитарен карактер собрал значителни средства во Саудиска Арабија и во странство. Покрај тоа, како што вели ал-Саадан, организацијата дистрибуирала летоци „со апел до младината да се приклучат на движењето со отворени повици за востание“.Повеќето членови на тајната организација биле уапсени за време на таен состанок, што се одржал во еден од клубовите во провинцијата Џида. Уапсените се обвинети по 75 точки од кривичниот закон на Саудиска Арабија./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.