Свет
Се зголемува бројот загинати во Мумбаи

Бројката загинати во трите експлозии во индиската деловна престолнина Мумбаи се зголеми на најмалку десет лица, додека повеќе од сто се ранети, соопшти локалната полиција.
Бројката загинати во трите експлозии во индиската деловна престолнина Мумбаи се зголеми на најмалку десет лица, додека повеќе од сто се ранети, соопшти локалната полиција. Првата експлозија се случи на многу посетуваниот пазар Заивери, втората пред градската опера а третата во јужниот дел од Мумбаи, во квартот Давер. Претходно, претставникот на локалната полиција Наик Бандакар за AFP информираше дека полицијата може да потврди за две експлозии и за четворица загинати. Индиската државна телевизија јавува дека полицијата трага по уште една неексплодирана бомба.Дописникот на BBC јавува дека во градот владее узбуна, додека властите се’ уште не објавија кој може да стои зад нападите. Исто така, ниедна од познатите терористички и екстремни групации засега не ја презема одговорноста за експлозиите.Експлозијата на традиционалниот трговски центар Завери каде се познатите продавници за накит. Во Давер, експлодирало такси возило паркирано на автобуска станица. Третата експлозија се случи во квартот во кој е лоцирана Операта на Мумбаи, а во времето на детонацијата 19 часот по локално време (!5,30 часот по македонско), во областа имало многу луѓе кои се враќале од работа. Индиските медиуми го пренесоа соопштението на министерството за внатрешни работи дека станува збор за терористички напад. Мумбаи на 26-ти ноември 2008 година беше цел на терористички напади кога добро обучена и вооружена десетчлена група којашто преку морето пристигна од пакистанската метропола Карачи со координирани напади во деловниот центар убија 166 луѓе а потоа два дена беа забарикадирани во елитен хотелски комплекс со пет ѕвездички давајќи жесток отпор на индиските специјалци.Според некои локални медиуми, денешниот напад се случил на роденденот на Мхаман Ајмал Амир Касаб, единствениот преживеан од нападите на 2008 година/крај/ббц/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).