Свет
Хероинот најлесно се набавува во Данска, марихуаната во Чешка

Данска, Шпанија и Италија се земјите од Европската унија каде најлесно може да се набави хероин и кокаин, додека престолнината на Чешка, Прага е градот во кој најлесно може да се набави марихуана, објавија повеќе европски медиуми.
Данска, Шпанија и Италија се земјите од Европската унија каде најлесно може да се набави хероин и кокаин, додека престолнината на Чешка, Прага е градот во кој најлесно може да се набави марихуана, објавија повеќе европски медиуми. Ова го покажуваат резултатите на истражувањето кое во мај месец го спроведе Европската комисија, а во кое учествуваа млади на возраст од 15 до 24 години. Секој четврти испитаник во Данска, Италија и Шпанија рекол дека „многу лесно“ во рок од 24 часа може да се набави хероин. Во овие земји лесно достапен е и кокаинот, при што 40 отсто од испитаниците се изјасниле дека оваа дрога може лесно да се најде во нивните земји. На листата на земји каде до дрога може лесно да се дојде следуваат Ирска, Португалија и Велика Британија. Чешка во која „силните“ дроги се меѓу најнедостапните во земјите од ЕУ се наоѓа на првото место кога во прашање е марихуаната, покажуваат резултатите од истражувањето. Дури 75 отсто од младите Чеси велат дека марихуаната лесно може да се набави, овој процент е поголем од холандскиот каде марихуаната легално се продава. крај/фена/нц/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).