Свет
Во Белгија за носење бурка ќе следува седум дена затвор

По Франција и Белгија дефинитивно ќе забрани носење на бурки, бидејќи новиот законот е објавен во службен весник и стапува на сила на 23. јули, пренесе белгиската новинска агенција Белга.
По Франција и Белгија дефинитивно ќе забрани носење на бурки, бидејќи новиот законот е објавен во службен весник и стапува на сила на 23. јули, пренесе белгиската новинска агенција Белга.
Со овој Закон на муслиманските жени им е забрането во јавноста да носат вел преку целото тело, како што се бурка или никаб и во Белгија никој нема да има право да го сокрие своето лице до таа мера да не може да биде идентификуван.
Жените со бурка или никаб нема да можат да се возат со автобус, да се шетаат по улица или да посетуваат било какви јавни установи.
Приврзаниците на ваквата забрана сметаат дека бурката е симбол на поробување на жената во исламот и претставува кршење на нивното достоинство.
За непочитување на новиот закон следува казна од 137, 50 евра или седум дена затвор.
Белгија е втора земја во Европа, која по Франција , воведува закон за забрана на бурките, додека Холандија и Шпанија планираат слични закони./крај/бе/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).