Свет
Експлозија при апсење на руски бомбаш-самоубиец
Руските иследници веруваат дека синоќа притворениот осомничен за терористички напади Виктор Двораковскиј подготвувал уште еден напад, изјави за РИА Новости во четвртокот извори од истражните власти во Ставрополскиот регион.
Руските иследници веруваат дека синоќа притворениот осомничен за терористички напади Виктор Двораковскиј подготвувал уште еден напад, изјави за РИА Новости во четвртокот извори од истражните власти во Ставрополскиот регион.„Со оглед на фактот дека Виктор Двораковскиј е веќе осомничен за тероризам и за поттикнување на омраза или непријателство, како и тоа што во моментот на апсењето кај него се најдени две експлозивни направи, може да се претпостави дека тој се подготвувал за уште еден напад“, изјави неименуван претставник на истражните органи за агенцијата.Тој додава дека сепак за прецизни заклучоци, потребно е да се спроведе детална истрага.Двораковскиј беше уапсен минатата ноќ. При апсењето тој пружал отпор, при што ранил еден од полицајците. И самиот Двораковскиј е тешко тешко повреден, бидејќи во неговите раце експлодирала едно од рачно изработените експлозивни направи. Тој е хоспитализиран на одделението за интензивна нега.Според соговорникот на РИА Новости, поради инцидентот при апсењето против Двораковскиј веќе е поведен процес за нови кривични дела – за „обид за убиство на припадник на органите за спроведување на законот“, за недозволената трговија со оружје и за нелегално производство на оружје, за што може да добие доживотен затвор.По 24-годишниот Виктор Двораковскиј, руската полиција во март годинава распиша потерница, како и награда од 100 илјади рубљи за информација што ќе придонесе за неговото апсење.Двораковскиј е осомничен за неколку терористичка акти на територијата Ставропол. Станува збор за Дагестанец кој одржувал врски со симболот на „руските вахабити“ Виталиј Раздобудко, за кого се претпоставува дека заедно со неговата партнерка Марина Игоревна се извршители на двојниот самоубиствениот бомбашки напад од 14-ти февруари годинава во градот Губдене, во Дагестан, кога загинаа две лица, а над 30 беа ранети. Според руската полиција, Двораковскиј е поддржувач на радикалниот ислам и обучуван како бомбаш-самоубиец./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.