Свет
Американскиот ФБИ отвори истрага против „News Corp.“ на Рупер Мердок
Одговарајќи на обвинувањата на повеќе ленови на американскиот конгрес, Американското федерално биро – ФБИ, отвори истрага за тоа дали „News Corp.“ на Рупер Мердок
Одговарајќи на обвинувањата на повеќе ленови на американскиот конгрес, Американското федерално биро – ФБИ, отвори истрага за тоа дали „News Corp.“ на Рупер Мердок се обидел да ги хакира телефоните на жртвите на терористичките напади во САД, кои се случија на 11.септември 2001 година, како и телефоните на членовите на нивните семејства. Барањето на членовите на Конгресот доаѓа откако тие искажале длабока загриженост по откривањето на аферата во Англија. Членовите на Конгресот се прашувале дали новинарите на Мердок се обидувале да ги компромитираат жртвите од 11. септември 2001, како што хакирале многу телефони во Англија. Весникот Њујорк тајмс наведува дека истрагата на ФБИ се уште е во прелиминарна фаза, и дека засега нејзиниот обем не е доволно јасен. Исто така, како што пишува весникот не е јасно дали ФБИ веќе ги дефинирал целите на истрагата. На почетокот на неделата британскиот весник Дејли Меил објави дека новинарите на таблоидот „ News of the World“ се обиделе да ја хакираат говорната пошта на жртвите од 11.септември, цитирајќи зборови на неидентификуван, поранешен њујоршки полицаец. Тој изјавил дека новинарите на таблоидот му нуделе пари доколку им набави снимки од приватните телефонски разговори на жртвите во терористичките напади, нешто што тој одбил да го стори. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна американски Ф-15 во Кувајт
На социјалните мрежи се шират снимки од соборувањето на американскиот Ф-15 во Кувајт.
BREAKING:
Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Пилотот на Ф-15 е жив. Несреќата се случила во таканаречен инцидент со пријателски оган. Пилотот успеал безбедно да се катапултира и за него се погрижила група локални жители по слетувањето.
BREAKING:
The U.S. F-15 fighter jet pilot who was down over Kuwait moments ago in a friendly fire incident is alive.
He ejected and is now being taken care of by a group of Kuwaitis pic.twitter.com/XhIZK5rUTW
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Досега нема реакција од САД.
Another video shows the crash of the U.S. F-15 jet in Kuwait. pic.twitter.com/JpRsECmwJa
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Свет
(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови
Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје наменето за напад врз американските бази во регионот. Видеото првично го објави иранската државна новинска агенција Фарс.
Видеото прикажува долги редици дронови наредени во тунелите, некои веќе на лансирни рампи. Ѕидовите на подземниот комплекс се украсени со ирански знамиња и портрети на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
JUST IN: IRAN RELEASES VIDEO OF DRONE TUNNEL AND FIRING THEM AT U.S. BASES
"Wait again for the sound of the death knell." pic.twitter.com/LjAugbfGzy
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) March 2, 2026
Видеото, исто така, прикажува ракети и дронови како се лансираат од повеќе локации, а целите се прикажани како цели за кои Фарс вели дека се „американски бази“.
Не е јасно кога и каде е снимено видеото. Исто така, не е јасно дали го прикажува оружјето што го користел Иран во својот одговор на нападите.
Свет
Трамп: Иран сака да преговара; Иранскиот шеф за безбедност: Нема да преговараме со САД
Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани, кој беше и советник на поранешниот врховен лидер на земјата, објави на Икс дека Техеран нема да преговара со САД.
لن نتفاوض مع الولايات المتحدة https://t.co/cvEweU8ODj
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 2, 2026
Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото иранско раководство сака да разговара со него и дека тој се согласил на тоа.

