Свет
Триполи ја демантира изјавата на рускиот функционер
Либиските власти денеска ја демантираа изјавата на рускиот претставник дека режимот на лидерот Моамер Гадафи има „самоубиствен“ план според кој во случај на напад на бунтовници, главниот град Триполи би го кренал во воздух.
Либиските власти денеска ја демантираа изјавата на рускиот претставник дека режимот на лидерот Моамер Гадафи има „самоубиствен“ план според кој во случај на напад на бунтовници, главниот град Триполи би го кренал во воздух.
„Изјавите припишани на либискиот премиер Багхадиј Махмуд претставуваат куп лаги и немаат апсолутно никаква врска со реалноста“, пишува во соопштението на либиското министерство за надворешни работи и во кое додаваат дека ќе бараат објаснување од Москва, пренесе Франс прес.
Во соопштението пишуваат дека таквите изјави не се добри за билатералните односи и не придонесуваат за напорите за мирно решавање на кризата во Либија.
Специјалниот претставник на Кремљ за Либија, Михаил Маргелов вчера во интервју за весникот „Известија“, рече дека режимот на либискиот водач Гадафи подготвува самоубиствен план со кој во случај на напад на бунтовничките сили, Триполи би бил кренат во воздух./крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

