Свет
Двата полубрата на Садам Хусеин ќе бидат погубени
Пет високи функционери од поранешниот ирачки режим, меѓу кои и двата полубрата на Садам Хусеин, ќе бидат погубени за околу еден месец откако денеска американските сили им ги предадоа на ирачките власти.
Пет високи функционери од поранешниот ирачки режим, меѓу кои и двата полубрата на Садам Хусеин, ќе бидат погубени за околу еден месец откако денеска американските сили им ги предадоа на ирачките власти.
Ирачкото министерство за правосудство соопшти дека меѓу функционерите се полубраќата на Хусеин, Ватбан Ибрахим Хасан и Сабауи Ибрахин ал – Тикрити.
Останатите функционери кои се денеска предадени, се поранешниот министер за одбрана Султан Хачем Ахмад , поранешниот генерал Хусеин рашид ал – Тикрити и Азиз Салех Нуман. Сите се осудени на смрт во различни судски процеси.
Оваа група е дел од 200-те Ирачани кои ги чуваше американската војска во кампот Кропер и се единствени кои не беа предадени од целокупната бројка.
Кампот Кропер е отворен веднаш по инвазијата на американската војска во Ирак во 2003 година, со цел на едно место да бидат држани поранешните функционери на режимот на Садам Хусеин.
Најпознатиот затвореник во кампот беше Хусеин, кој таму помина три години пред да биде погубен во декември 2006. година./крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

