Свет
Тимошенко повторно отстранета од судницата
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, на која и се суди за прекорачување на овластувањата при склучувањето на договорот за испораки на руски гас, денеска повторно беше отстранета од судницата , пренесуваат руските агенции.
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, на која и се суди за прекорачување на овластувањата при склучувањето на договорот за испораки на руски гас, денеска повторно беше отстранета од судницата , пренесуваат руските агенции.Тимошенко е отстранета од судницата до крајот на денот, наведе Итар – тас.Претходно беше водена едночасовна расправа за тоа како се однесува во судницата поранешната премиерка, а сега лидер на опозициската партија Татковина.Имено, судијата Родион Киријев безуспешно се обидува да ја натера на судот да му се обраќа во стоечки став, што Тимошенко го одбива во знак на протест.На рочиштето кое се одржа на 6- ти јули е отстранета од судницата на еден ден поради непочитување на судот, а во неколку наврати имаше инциденти меѓу нејзините поддржувачи и противници во судницата и пред зградата на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.

