Свет
Фратини : Над 30 држави ќе ја признаат либиската опозиција
Над 30 држави одлучија да ја признаат либиската опозиција како легитимна власт во Либија, изјави денеска Франко Фратини, министерот на надворешни работи на Италија, пренесе Асошиејтед прес.
Над 30 држави одлучија да ја признаат либиската опозиција како легитимна власт во Либија, изјави денеска Франко Фратини, министерот на надворешни работи на Италија, пренесе Асошиејтед прес.
Фратини на маргините на состанокот на Контакт групата за Либија, кој се одржува во Истанбул, рече дека одлуката за признавање на либискиот Преоден национален совет ја поддржале сите учесници на собирот.
Тој додаде дека признавањето и официјално ќе биде соопштено кога ќе биде усвоен завршниот документ од собирот во Истанбул во текот на денешниот ден.
Како што оценува Асошиејтед прес, ваквата одлука значајно ќе ја унапреди дипломатската позиција на бунтовниците во Либија и дополнително ќе го засили притисокот на либискиот лидер Моамер Гадафи да ја препушти власта.
САД и одреден број на држави веќе го признаа Советот како легитимен претставник на власта во Либија , но формално признавање од нивна страна се уште не е објавено.
На собирот во Истанбул учествуваат претставници од сите земји кои учествуваат во операцијата на НАТО во Либија, а меѓу нив се и над 15 министри за надворешни работи./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

