Свет
Најмалку пет загинати и 23 ранети во Ирак
Пет лица од кои тројца аџии се убиени а 23 се ранети во петокот во повеќе напади и една експлозија во Багдат и шиитскиот свет град Кербала, соопштија ирачките безбедносни служби.
Пет лица од кои тројца аџии се убиени а 23 се ранети во петокот во повеќе напади и една експлозија во Багдат и шиитскиот свет град Кербала, соопштија ирачките безбедносни служби.„Во експлозија на автомобил-бомба на автобуска станица во Кербала се убиени тројца аџии а ранети се 20 лица“, изјави за AFP генералот Осам ал-Ганими.Лекар од градската болница за агенцијата ги потврдил овие податоци додавајќи дека меѓу ранетите има жени.Шиитските аџии во Кербала го прославуваат раѓањето на 12-от и последен имам Мохамад ал-Махди, роден во 864 година.Во јужниот дел на ирачката престолнина Бахгдад во петокот било убиено едно лице а три биле ранети во бомбашки напад, соопшти претставник на министерството за внатрешни работи. Во истиот кварт, ноќта меѓу четврток и петокот исто така во експлозија било убиено едно лице во куќа во која полицијата пронашла неколку бомби и пиштол./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

