Свет
Милион демонстранти во Сирија, 19 загинати
Повеќе од милион луѓе во петокот протестираа низ цела Сирија против режимот на претседателот Башар ал-Асад, а во судирите со безбедносните сили во безредијата загинале 19 лица, јавија светските агенции.
Повеќе од милион луѓе во петокот протестираа низ цела Сирија против режимот на претседателот Башар ал-Асад, а во судирите со безбедносните сили во безредијата загинале 19 лица, јавија светските агенции.Само во градот Хама, 210 километри северно од сириската престолнина Дамаск, според лидерот на сириското здружение за заштита на човековите права, (OSDH), Рами Абдел Рахман излегле повеќе од 500 илјади демонстранти, а речиси толку луѓе протестирале против режимот на претседателот Башар ал-Асад и во Деир Езор во источна Сирија..Градот Хама е историски симбол од 1982 година, кога 20 илјади луѓе загинаа по бруталното задушување на протестите на „Муслиманското братство“ за време на владеењето на Хафез Асад, татко на сегашниот претседател Башар ал-Асад.Досега оваа број од милион демонстранти во еден ден е најголема од почетокот на протестите што ги започна сириската опозиција на 15-ти март годинава. „Ова е клучен развој на настаните и голема порака за властите дека движењето на протестите се зголемува“, нагласи Рахман,Според очевидци, сириската полиција стрелала со боева муниција. Покрај 19-те загинати, според овие информации има многу ранети. Од друга страна, официјалната државна новинска агенција Sana, јави дека вооружени лица пукале врз граѓаните и врз припадниците на безбедносните сили. Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои се надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени повеќе од 340 припадници на сириската полиција и на војската. Сириската државна телевизија, пак, пренесува дека во петокот имало само една жртва, којашто ја убиле вооружени мажи. Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска во Истанбул на состанокот на Контакт групата за Либија, оценувајќи ја ситуацијата во Сирија рече дека таа е „отворена“ , бидејќи земјата може да се врати наназад и дека претседателот Асад поради употребата на репресијата го загубил легитимитетот. Во задушувањето на протестот кој избувна во Сирија на 15 март загинаа повеќе од 1.300 луѓе, а повеќе илјади луѓе ја напуштија Сирија, покажуваат податоците на невладините организации.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжуват и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

