Свет
Пекинг го продолжи ограничувањето за туристички патувања на Тибет
Кина го ограничува бројот на своите граѓани кои ќе можат да го посетата Тибет, во момент кога Пекинг одбележува 60. годишнина од „мирното ослободување“ на регионот
Туристичките агенции во земјата соопштија дека регионот ќе биде затворен за странските туристи до крајот на јули.„Продадени се двапати помалку билети за воз и авион од вообичаеното“, изјави претставник на Главната туристичка агенција на Тибет.Оваа одлука валстите во Пекинг ја донесоа уште во средината на јуни.Вработен во друга агенција додека се зголемува безбедноста на патиштата што водат кон „покривот на светот“, додека во внатрешноста на Тибетскиот автономен регион се зголемува бројот на контролните пунктови.Кина чиешто раководство е многу чувствително на нестабилност или какви и да се други закани за нејзиниот еднопартиски систем, нема доверба во странските државјани особено од нивното присуство во етничките погранични области кои ги именува како „автономни региони“. Ваквите мерки инаку се чести кога станува збор за прославување на значајни политички годишници од нејзината историја.„Тоа е ново правило поради 90-годишнината. Странците не може да доаѓаат, дури ни со туристички групи“, изјави при воведувањето на ова ограничување, претставник на туристичко биро од Ласа, главниот град на автономниот регион Тибет.„Моравме да ги откажеме многуте резервации, но не ги знаеме причини за воведувањето на ова правило. Веројатно тоа е поврзано со политиката“, изјави за агенцијата туристички агент во Пекинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.

