Свет
Иранските сили нападнаа курдски бази во соседен Ирак
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/e59ae121-939c-46d9-8b61-fb84a0d961c1.jpeg)
Припадниците на иранската Револуционерна гарда ги зазеле базите на курдската опозициска група од Иран во соседен Ирак, јави денеска иранската новинска агенција Ирна.
Припадниците на иранската Револуционерна гарда ги зазеле базите на курдската опозициска група од Иран во соседен Ирак, јави денеска иранската новинска агенција Ирна. Според истиот извор, локалниот командант на Револуционерната гарда полковникот Делавар Ранџбарзадех рече дека се убиени голем број членови на иранската курдска опозициска група ПЕЈАК, во жестоките судири последните два дена. Судирите траат и натаму. ПЕЈАК на курдски јазик значи Партија за слободен живот на Курдистан. Бунтовниците од ПЕЈАК тврдат дека иранските сили навлегле во полуавтономна курдска област во Ирак и ги нападнале. Според нивните зборови, бунтовниците убиле 53 ирански војници и раниле 43, додека од нивна страна биле убиени двајца, а ранети седум луѓе. Иран минатата недела се закани дека ќе ги нападне базите на ПЕЈАК во ирачки Курдистан, кои, според нив, делуваат без согласност на централната власт во Багдад. Иран ги обвини САД, Велика Британија и Израел дека се обидува да предизвикаат тензии на иранските граници за да ја минираат владата во Техеран. Овие земји ги отфрлија ваквите обвинувања. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/bil-gejts-2.jpg)
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-5.jpg)
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Европа
Ќе се урива облакодерот во Лондон во кој во пожар загинаа 72 луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zaginati-london.jpg)
Лондонската кула „Гренфел“, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа, во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните.
Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна.
Групата Grenfell Next of Kin (GNK), која ги застапува роднините на речиси половина од загинатите, соопшти дека британската вицепремиерка Ангела Рајнер одлуката за уривање на зградата им ја соопштила на семејствата и на преживеаните на синоќешниот состанок.
Уривањето на кулата, која сè уште стои и е покриена со заштитна фолија, ќе почне дури по осмата годишнина од трагедијата во јуни оваа година, велат семејствата.
Во јавната истрага за пожарот, за катастрофата обвинети се пропустите на владата, градежната индустрија и најзначајно – компаниите вклучени во монтирање на надворешноста со запалива обвивка. Неколкумина преживеани и семејствата веруваат дека каква било кривична постапка е одложена поради истрагата.