Свет
Во судири во Кина убиени 20 Ујгури
Дваесет лица припадници на ујгурското малцинство во Кина се убиени во судирите со полицијата во градот Хотан, во областа Синцјанг, во северозападниот дел од земјата, соопшти во вторникот организацијата на ујгурските бегалци.
Дваесет лица припадници на ујгурското малцинство во Кина се убиени во судирите со полицијата во градот Хотан, во областа Синцјанг, во северозападниот дел од земјата, соопшти во вторникот организацијата на ујгурските бегалци. Според кинеските власти, двајца полицајци и двајца „заложници“, како и неодреден број напаѓачи се убиени во понеделникот при напад на полициската станица во градот Хотан.Според Ујгурскиот светски конгрес, пак, кој се повикува на свои извори во областа Синџианг, насилството избило кога група Ујгури се обидела да грабне полицајци за да ги разменат за уапсени припадници на нивните семејства. Во текот на судирот, кинеските безбедносни сили на смрт претепале 14 демонстранти а шестмина убиле со куршуми, додека 15 лица биле ранети, од кои тројца се со потешки повреди, се истакнува од страна на Ујгурскиот светски конгрес чие седиште се наоѓа во Германија. „Кинеските власти треба итно да го прекинат систематското искористување за да се избегне ново влошување на ситуацијата“, изјави Диџсат Раџит, портпарол на ујгурската организација.Кинеските власти во вторникот соопштија дека судирот вил „организиран терористички напад“ во кој загинале најмалку четири лица. „Напаѓачите беа вооружени со експлозивни направи и гранати. Прво се пробиле во градските канцеларии за индустрија и за храна, како и во даночната управа која се наоѓа во близина на полициската станица. Кога сфатиле дека се на погрешно место, ја нападнаа полициската станица и го истакнаа своето знаме со сепаратистички пораки“, изјави во вторникот за кинеските медиуми Хоу Хамин, покраински функционер за информирање во Синџианг. Според него, напаѓачите ја запалиле полициската станица и потоа во судирот со вооружените припадници на полицијата ги убиле заложниците кои ги заробиле. Понеделничкиот инцидент е најголем во покраината Синџианг во последната година. Покраината која зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население е туркофони муслимани Ујгури, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг Ујгурите се помалку од половината од населението.Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури, загинаа околу 200 луѓе. Од тогаш кинеските власти погубија девет лица осудени за поттикнување на насилни судири., уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

