Свет
Мула Омар не е мртов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ebc1505c-f884-4ecc-89fa-ef69f83e3a7f.jpeg)
Талибаните денеска негираа дека нивниот лидер Мула Омар е мртов и велат дека лажните пораки биле испратени откако биле хакирани нивните мобилни телефони, имејл адресите и вебсајтовите.
Талибаните денеска негираа дека нивниот лидер Мула Омар е мртов и велат дека лажните пораки биле испратени откако биле хакирани нивните мобилни телефони, имејл адресите и вебсајтовите.„Ова е работа на американското разузнавање и за тоа ќе им се осветиме на телефонските провајдери“, изјави портпаролот на талибаните, Забиула Муџахид. Мула Омар, едноокиот, недопирлив лидер на талибаните е меѓу најбараните мажи на светот, со награда за негово апсење од 10 милиони американски долари. Ова не е прв пат тој да биде прогласен мртов. Талибаните најавија и дека темелно ќе го испитаат хакирањето на нивните телефони и размислуваат да го сменат начинот на кој ги пласираат новостите, со користење на повеќе вебсајтови, наместо смс пораки. Оригиналните пораки дојдоа токму од телефоните на двајцата портпароли на талибаните и гласеа „духовниот лидер мула Мохамад Омар Муџахид почина“ и „алах нека му ја благослови душата“. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/zelenski-tramp-EPA.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нема официјален план за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и додаде дека е подготвен за разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, кога ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми.
„Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без Русија, без Путин. И затоа реков: Подготвен сум ако имаме разбирање како ќе заврши оваа војна“, им рече Зеленски на новинарите во Киев, пренесе Интерфакс Украина.
Зеленски навести дека има разбирање за насоката на планот, откако разговарал за некои детали со американските претставници пред инаугурацијата на Трамп, пренесува Танјуг.
„Нашите тимови ќе работат заедно, не може да има план одвоен од никого, дури ни од Соединетите Американски Држави. Да почекаме официјални преговори и официјални резултати“, рече Зеленски.
Според медиумите, американскиот план ќе биде претставен на Минхенската безбедносна конференција која ќе се одржи од 14 до 16 февруари, но пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог го демантираше тоа, наведувајќи дека Трамп прв ќе го претстави планот, без да даде временска рамка.
Претставникот на Трамп рече дека Трамп ќе бара решение прифатливо и за Зеленски и за Путин.
Свет
(Видео) Канал во Аргентина наеднаш стана црвен, луѓето се вознемирени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/925a9ede-e769-4aee-8f5e-3e87a230e73a.jpg)
Канал во предградие на аргентинската престолнина Буенос Аирес вчера доби светло црвена боја, што ги вознемири жителите, јавува Би-Би-Си. Фотографиите и видеата покажуваат интензивно обоена вода што тече во вливот на Рио де ла Плата што се граничи со еколошкиот резерват.
Според извештаите на локалните медиуми, причината може да биде испуштање на текстилна боја или хемиски отпад од блискиот магацин. Министерството за животна средина соопшти дека се земени примероци од вода од каналот Саранди за да се утврди причината за обезбојувањето.
До доцна попладне, интензитетот на бојата на водата се намали, објави новинската агенција АФП.
Жителите тврдат дека многу локални компании испуштаат токсичен отпад во водниот пат што минува низ област на кожна и текстилна индустрија, на околу 10 километри од центарот на главниот град.
Регион
Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_Vu-i-Kurti.jpg)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука во Србите и дека светот сега се повеќе го разбира тоа.
„Курти цело време има наполнета пушка и сака да пука во Србите, што и го направи. И сега поголемиот дел од светот го разбира тоа. Проблемот е што добар дел од западниот свет му гледа низ прсти, тој е нивно дете.
Што и да направи, ќе го лулаат“, рече Вучиќ на РТС на прашањето како ја гледа пораката на Курти дека „ако имаш лош сосед, (мислејќи на Србија), мора да имаш висок морал и наполнета пушка“.
Тој оцени дека поради ова Курти може да има само сериозни проблеми со новата американска администрација, која може да биде надеж за Србија и за прашањето за Косово, но и за прашањето на Република Српска.
„Зошто? Затоа што таа нова американска администрација не му припаѓаше ниту на Бил Клинтон, ниту на Џорџ Буш. Без разлика што некои се демократи, а други републиканци, тие не го живеат животот од 90-тите. И тоа може да биде нашата надеж и за зачувување на Република Српска“, рече Вучиќ.
Тој изјави и дека е многу загрижен за постапката против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Ако мислат дека треба да донесат пресуда до крајот на февруари, можете да замислите што не чека во март потоа“, рече Вучиќ и изрази надеж дека сите ќе можеат добро да размислат, да се зачуваат мирот и стабилноста, особено внатрешната стабилност на земјата, пренесува Танјуг.