Контакт

Свет

Најмалку 16 загинати во западна Либија

Објавено пред

Најмалку 16 бунтовници се убиени и 126 се ранети во битките крај градот Злитен во западниот дел од Либија

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува во AFP повикувајќи се на извори од бунтовничките сили, ова е црниот биланс во последните 48 часа од битките меѓу востаниците и силите лојални на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи.„Во силите лојални на Гадафи во градот Злитен загинаа 16 наши борци, додека 126 се ранети“, се наведува во соопштението што го цитира агенцијата. Според соопштението, бунтовничките сили напредувале кон центарот на градот, 150 километри источно од Триполи.Истовремено НАТО ги засили своите воздушни напади во оваа област. Според официјалното соопштение, во средата авионите на Алијансата погодиле 13 цели, додека во четвртокот 11 цели на војската на Гадафи.Борбите денеска продолжуваат и во градот Мисрата, важно нафтено пристаниште кое е под контрола на бунтовниците. Особено жестоки биле борбите во периферните населби и во предградието Сук ал-Тулати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Објавено пред

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и се фотографираа, тие се упатија кон своите автомобили.

dobivaj vesti na viber

Средбата меѓу Трамп и Путин ќе се одржи во воздухопловна база од времето на Студената војна во Алјаска и ќе биде нивниот прв разговор во живо откако Трамп се врати во Белата куќа.

Тоа ќе биде и првата средба меѓу американски и руски лидер од 2021 година, кога Џо Бајден се сретна со рускиот претседател во Женева.

По разговорите, се очекува на Трамп да му се придружи Путин на ретка заедничка прес-конференција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше поканет на самитот во Алјаска, но Трамп рече дека следната рунда разговори со Русија и Украина би можела да се одржи многу наскоро ако средбата со Путин помине добро.

Средбата ќе трае со часови?

Песков претходно објави дека самитот во Алјаска би можел да трае шест до седум часа.

Трамп, кој за време на изборната кампања повтори дека ќе ја заврши војната на Русија во Украина во рок од 24 часа, за време на летот на „Ер Форс Уан“ до Алјаска рече дека не може да каже што би го направило неговиот состанок со Путин успешен, но нагласи дека сака прекин на огнот.

На прашањето што би го направило самитот успешен, тој им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“: „Не можам да ви кажам тоа. Не знам. Ништо не е зацврстено. Сакам одредени работи. Сакам прекин на огнот.“

„Сакам да видам брзо прекин на огнот… Нема да бидам среќен ако тоа не се случи денес. Сакам убивањето да престане“, рече тој.

Трамп рече и дека доколку состанокот не се одвива добро, ќе си замине.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп и Путин нема да разговараат еден на еден

Објавено пред

Денешната билатерална средба меѓу американскиот и рускиот претседател ќе се одржи во променет формат, што претставува значително отстапување од претходната практика.

dobivaj vesti na viber

Наместо состаноци „еден на еден“, на разговорите ќе присуствуваат клучни соработници, што има за цел да обезбеди поголема транспарентност.

Средбите на Доналд Трамп со Владимир Путин за време на неговиот прв претседателски мандат честопати беа обвиткани во тајност. Бидејќи во просторијата беше присутен само преведувач, јавноста во голема мера не беше свесна за што точно разговарале двајцата лидери.

Вклучувањето на двајца високи функционери на денешната средба – државниот секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф – треба да обезбеди многу поголемо ниво на јасност. Ова ќе биде особено важно ако, по средбата, руската страна понуди поглед на настаните што се разликува од американската перспектива.

Покрај тоа, еден од соработниците ќе може да води официјални белешки, што е клучен елемент за создавање веродостоен запис од разговорот на толку високо ниво.

Прикажи повеќе...

Свет

Летот на Путин до Алјаска бил најследениот на светот

Објавено пред

Летот со кој рускиот претседател Владимир Путин отпатува за Алјаска, каде што ќе се сретне со американскиот лидер Доналд Трамп, бил најследен во светот.

dobivaj vesti na viber

Рускиот владин авион слета во Алјаска, каде што е закажана средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, објавува Ројтерс, повикувајќи се на веб-страницата „Флајт радар“, која ги следи летовите низ целиот свет.

Претходно денес, авионот Ту-214, за кој се верува дека го превезувал рускиот претседател Владимир Путин, влезе во воздушниот простор на Соединетите Американски Држави, според податоците од „Флајт радар“.

Движењето на авионот го следеле повеќе од 80.000 луѓе.

И авионот на американскиот претседател Доналд Трамп слета денес во Алјаска, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Според Ројтерс, авионот слета кусо по 20:15 часот по средноевропско време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет2 часа

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија7 часа

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија7 часа

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија8 часа

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија8 часа

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет10 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет10 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија11 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија12 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет13 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион15 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион15 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија1 ден

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија1 ден

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија1 ден

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија1 ден

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет1 ден

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...