Свет
Се појави собарката што го обвини Строс-Кан
Собарката на њујоршкиот хотел „Софител“ што го обвини поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан за обид за силување и сексуално вознемирување, изјави за електронското издание на Newsweek
Собарката на њујоршкиот хотел „Софител“ што го обвини поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан за обид за силување и сексуално вознемирување, изјави за електронското издание на Newsweek , дека тој изгледал како „лудак“ што ја нападнал веднаш што влегла во собата. Собарката којашто потекнува од Гвинеја за Newsweek и за ABC News даде дозвола да биде објавен нејзиниот идентитет, и првпат јавно проговори за скандалот, откако на 14-ти мај ја поднесе тужбата против Строс-Кан, кога како што вели, излегол гол од бањата и ја принудил на орален секс.„Сакам правда. Сакам да оди во затвор. Сакам да знае дека постојат места каде не може да се користат парите и моќта кога ќе сториш нешто такви“, изјави 32-годишната Нафисатоу Диало. Даглас Виџдор, еден од нејзините адвокати, изјави дека неговата клиентка решила да излезе во јавноста за да покаже оти не е „пропадната уметница и проститутка“. Таа беше нападната и мисли дека е важно и нејзината страна од приказната да го добие лицето и името, додава Виџдор.Диало тврди дека не сакала публицитет, но дека немала друг избор.„Сега морам да се појавам во јавноста, поради себе. Морам да ја кажам вистината“, истакна Гвинејката.Нејзините адвокати најавија и граѓанска парница против Строс-Кан, што значи дека нејзиното име ќе биде слободно достапно за јавноста. Строс-Кан ги отфрли сите обвиненија, а неговите адвокати тврдат дека ова интервју е нејзиниот последен очајнички обид да извлече пари од поранешниот прв човек на ММФ. Портпаролот на окружниот суд во Мехетен, Сирус Вејнс изјави дека не може да го коментира интервјуто на Диало „ниту да разговара за фактите и доказите од истрагата којашто е во тек“. Строс-Кан беше уапсен на 14-ти мај Њујорк по обвинување на собарката од хотелот „Софител“ на Менхетен за сексуален напад. Неколку дена по неговото апсење тој мина во затвор, а потоа Врховниот суд на Њујорк се согласи да го ослободи со кауција од милион долари и го стави во домашен притвор. Првиот ден од јули, на Строс-Кан му беше вратена кауцијата, но личните исправи со кои може да замине во странство се’ уште се запленети. Неговото наредно појавување пред судот беше закажано за 18-ти јули. Лица од Њујоршкото обвинителството во вторникот изјавија дека наскоро може да бидат повлечени обвиненијата против Доминик Строс-Кан, пишува електронското издание на New York Post цитирајќи извор близок до случајoт. Според него, ниеден од исказите на хотелската собарка којашто го обвини поранешниот прв човек на ММФ за обид за силување, не е целосно веродостоен. Исто така, исказите на собарката е проблематизирана, имајќи предвид дека давала лажни изјави при добивањето азил во САД, ги мамела даночните и социјалните служби, а веројатно дала и лажна изјава под заклетва во сведочењето пред големата порота во овој случај.Во Франција, пак, Државното обвинителство во Париз отвори во петок прелиминарна истрага по тужбата на француската новинарка и писателка Тристан Банон против поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан за обид за силување и сексуално малтретирање од 2002 година.Триесет и две-годишната Тристан Банон тврди дека Доминик Строс-Кан сексуално ја нападнал кога дошла во неговиот стан да го интервјуира во рамките на подготовките за нејзината книга. Сцените од нападот Банон ги опиша во една телевизиска емисија во 2007 година, а во 2008 година го напиша AgoraVox. Адвокатите на Строс-Кан тврдат дека приказната е измислена и најавуваат дека може да покренат контра-тужба против Банон за клевета.За својата намера да поднесе тужба против Доминик Строс-Кан, Тристан Банон ја извести јавноста во понеделникот, а тужбата ја поднесе во вторникот. Станува збор за сексуален напад врз Банон, наводно сторен од страна на Строс-Кан во 2002 година. Претходно Банон најави дека нема да го тужи поранешниот шеф на ММФ, додека против него се води процесот во САД.Куби тврди дека одлуката за тужбата со обраќање до обвинителството и тој и Банон ја поднеле уште во средината на јуни. Адвокатот, исто така, рече оти случајот на Банон и случајот во САД против поранешниот шеф на ММФ немаат никаква поврзаност./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.