Свет
Во експлозија на крајпатна мина загинаа 18 авганистански цивили
Во експлозија на мина поставена крај пат во јужната авганистанска провинција Хелманд, настрада мини-бус при што загинале сите осумнаесет патници во возилото
Импровизираната експлозивна направа експлодираше во петокот кога возилото е патувало од градот Нахри во областа Сараг до градот Лашкир Гах, административниот провинциски центар, јави AFP„Примените извештаи од местото на несреќата,укажуваат на тоа дека сите 18 лица во возилото се убиени“, изјави заменик на началникот на полицијата во Хелманд, Камалудин Ширзаи во петокот.Во регионот Гармсир јужно од Лашкар Гах, во петокот на мина на пат налетал и трактор при што загинале четири цивили.Ваквите експлозивни направи од домашно производство поставени крај патиштата, се најсмртоносното и најчесто употребуваното оружје коешто го користат талибанските милитанти, од коишто смртно страдаат голем број цивили и припадници на меѓународните и авганистанските безбедносни сили во текот на војната која велгува во својата десетта година.Првата половина од 2011 година се најкрвавите шест месеци за авганистанските цивили од почетокот на американската инвазија во 2001 година, наведува Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (UNAMA) се својот неодамнешен извештај. Според извештајот на UNAMA, од јануари до јуни годинава убиени се повеќе од 1.462 цивили, што претставува 15 отсто зголемување во споредба со истиот период минатата година.Милитантите биле одговорни за 80 проценти од смртните случаи, речиси за една третина повеќе отколку во првата половина на 2010 година. Исто така, несреќните случаи при бомбардирањата на авионите на НАТО, се една од поголемите причини за високата смртност на цивилите во Авганистан годинава, при што според наведениот извештај станува збор за 79 загинати Авганистанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.