Свет
Земјата со седум милијарди жители
Земјата кон крајот на годината ќе брои седум милијарди жители, а најголемо влијание за растот на планетата ќе имаат земјите во развој.
Земјата кон крајот на годината ќе брои седум милијарди жители, а најголемо влијание за растот на планетата ќе имаат земјите во развој.
Во 1999 година глобалната популација достигна шест милијарди, а Обединетите нации проценуваат дека до 2100. на планетата ќе живеат 10,1 милијарда луѓе.
До 2050 година на земјата ќе има 2,3 милијарди што е повеќе од вкупниот број луѓе кои живееле до 1950 година. Популацијата бавно се зголемувала се до 1800. кога достигнала бројка од милијарда жители.
Во последниот пола век популацијата се зголеми од три на седум милијарди, што особено ќе се одрази на земјите во развој.
Овие земји ќе се соочат со тешкотии околу обезбедување на храна, вода и енергија, а сето тоа ќе се одрази врз здравјето, сигурноста и економскиот раст.
Потребно е да се разгледаат сите прашања, треба да се едуцираат стотина милиони жени околу потребата за контрацепција, да се реформира пензиската политика и да се развие имиграциона политика, смета Вејвид Блум, професор по економија и демографија на Харвард.
Бројот на жители во наредните 40 година најмногу ќе се зголеми во неразвиените земји дури 97 отсто, од 2,3 милијарди луѓе колку што се предвидува да има раст до 2050. половина ќе бидат од Африка.
Во 2011 ќе се родат 135 милиони луѓе, а 57 милиони ќе умрат, што значи дека до крајот на годината планетата ќе доби 78 милиони нови жители. /крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.