Свет
Мексикански нарко бос призна 1.500 убиства
Водачот на една од најопасните мексикански нарко-банди, кој беше уапсен минатата недела, денеска призна дека наредил извршување на околу 1.500 убиства, јавуваат американските медиуми
Водачот на една од најопасните мексикански нарко-банди, кој беше уапсен минатата недела, денеска призна дека наредил извршување на околу 1.500 убиства, јавуваат американските медиумиЗа поранешниот полицаец Хозе Антонио Акоста Хернандез се верува дека е лидер на „Ла Линеа“, група на платени убијци и корумпирани полицајци, кои служеле како вооружено крило на картелот Хуарез. Тој, меѓу другите убиства, признал и дека наредил поставувањето на автомобил-бомба во 2010 година , во чија експлозија загинаа четири луѓе, како и масакрот на роденденската забава истата година, во кој беа убиени 15 тинејџери. САД сега најверојатно ќе побараат негова екстрадиција затоа што го сомничат дека стои зад минатогодишниот напад во градот Сиудад Хуарез, во кој беше убиен службеник на американскиот конзулат и уште двајца луѓе. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон изјави дека апсењето на Хернандез е „најсилниот удар“ за организираниот криминал во Сиудад Хуарез, еден од најопасните градови на светот. Во овој мексикански град на самата граница со САД, само минатата година беа извршени 3.000 убиства, повеќето поврзани со нарко-картелите. Мексиканските власти за информација која би довела до апсењето на Хернандез имаа распишано награда од 1,2 милиони долари. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ.
Температурите во градот утрината паднаа на минус 12 степени.
Во меѓувреме, стотици илјади жители во регионот Чернигов останаа без електрична енергија како резултат на истиот напад, објави регионалната енергетска компанија Черниговбленерго.
Според нејзините податоци, клучната енергетска инфраструктура во близина на градот Нижин е оштетена.
Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига изјави дека Владимир Путин цинично наредил ракетен напад од големи размери врз Украина во услови на преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, со посредство на САД.
Регион
Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож
Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба Калуѓерица, по што повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.
По жестока расправија со девојка, во белградската населба Калуѓерица се случил инцидент кога Д.Г. (40) си забодел кујнски нож во стомакот. Повредениот маж веднаш бил пренесен со возило на брза помош во Ургентниот центар, каде што добил итна медицинска помош.
Инцидентот се случил пред две ноќи, а припадници на полицијата веднаш излегле на местото на настанот и ги испрашале момчето и девојчето кои биле присутни во куќата во моментот на инцидентот кога мажот се самоизбодел.
Девојката потврдила за полицијата дека имале жестока расправија, по што Д.Г. го зел сечилото и го забодел во стомакот. Откако лекарите во Ургентниот центар ја санирале раната, Д.Г. бил пуштен на домашно лекување. Случајот е окарактеризиран како несреќен настан по семеен разговор, а понатамошната истрага ќе ги утврди сите релевантни факти.
Свет
НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата
НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило, како и да создаде нова одбранбена зона базирана на роботизирани и автоматизирани технологии, објави ДПА.
Мерките имаат за цел да го зајакнат ефектот на одвраќање против Русија, изјави бригадниот генерал Томас Ловин за неделното издание на германскиот весник „Велт“.
Според новиот, повеќеслоен одбранбен концепт, НАТО ќе се стреми да го забави или запре потенцијалниот противник во рана фаза користејќи високотехнолошки системи.
Ќе биде изградена зона по должината на границите на алијансата со Русија и Белорусија која во голема мера ќе се потпира на надзор, како и на далечински контролирани или полуавтоматизирани системи. Секој напаѓач прво ќе мора да ја надмине оваа зона пред да може да напредува понатаму.
Ловин, заменик-началник на штабот за операции во Копнената команда на НАТО во Измир, објасни дека надзорот на источното крило ќе се врши преку системи за собирање податоци на земја, во воздух, во вселената и во дигиталниот простор. Овие информации ќе им бидат доставени на сојузниците во реално време. За таа цел може да се користат и стационарни и мобилни средства – радар, акустични и оптички сензори, како и податоци од сателити, беспилотни летала и извидувачки авиони.
НАТО планира да воспостави таканаречена жешка зона веднаш по границите, чија задача ќе биде да ги запре или забави напаѓачите во почетната фаза. Во неа може да бидат распоредени вооружени беспилотни летала, полуавтономни борбени возила, роботизирани системи и автоматизирани средства за воздушна одбрана. Ловин нагласи дека луѓето ќе ја задржат водечката улога во одлуките за употреба на сила, во рамките на меѓународните правила и етички стандарди.

