Контакт

Свет

Во Ирак поштеда поради 50 степени Целзиусови

Објавено пред

Ирачките власти решија во понеделникот во престолнината Багдад и во јужниот дел од земјата да прогласат слободен ден за сите вработени поради температурите кои достигнаа речиси 50 степени Целзиусови.

dobivaj vesti na viber

Ирачките власти решија во понеделникот во престолнината Багдад и во јужниот дел од земјата да прогласат слободен ден за сите вработени поради температурите кои достигнаа речиси 50 степени Целзиусови.„Владата денеска реши да им даде слободен ден на сите вработени во централните и јужните ирачки покраини поради извонредно високите температури“, стои во соопштението на владата што го цитира AFP.Бранот горештини во Ирак трае веќе цела седмица и според прогнозите на метеоролозите треба да трае до средата.„Денешните температури во некои делови од земјата достигнаа речиси 50 степени Целзиусови Утре би можело да биде уште потопло, но задутре очекуваме намалување на високите температури“, соопштил дежурниот во Метеоролошката агенција на Ирак. Тој за локалните медиуми појаснил дека за населението помал проблем претставува температурата од 50 степени Целзиусови, но дека многу поголем проблем е доколку таа температура се задржува со денови. Тој потсети дека бранот горештина и температури меѓу 47 и 48 степени Целзиусови зафати делови од Ирак дури цел месец во летото 1998 година./крaј/афп/хи/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Американска телевизија објави мапа на Украина без Крим

Објавено пред

Американскиот телевизиски канал Си-би-ес прикажа мапа на Украина без окупираниот Крим. Други територии под руска окупација беа прикажани како дел од Украина на мапата.

dobivaj vesti na viber

Мапата се појави во етерот за време на емисијата „The Late Show“ со Стивен Колберт на 9 септември, но привлече внимание дури подоцна.

Во сегмент по повод 10-годишнината од водењето на емисијата, познатиот американски водител Стивен Колберт се осврна на настаните што ги обликуваа животите на Американците од 2015 година. Еден дел од програмата се фокусираше на Украина, истакнувајќи го херојството на Украинците во отпорот кон руската агресија.

Видеото за тоа доби над 230.000 прегледи на Јутјуб за една недела и сличен број коментари. Некои во коментарите ја истакнаа проблематичната мапа што го прикажува Крим како руски.

Ова не е прв пат западен медиум да објави мапа што го прикажува Крим како дел од Русија. На пример, британскиот „Тајмс“ се извини во 2018 година за објавување мапа што го прикажува Крим како руска територија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Објавено пред

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Нетанјаху вчера изјави дека израелскиот напад од минатата недела во кој беа убиени пет членови на Хамас во Доха бил „порака“, тврдејќи дека нападот не е неуспешен.

„Навикнати сме израелскиот премиер да се обидува да го одвлече вниманието и да ги оправда своите неуспеси по секој неуспех што го претрпува поради неговите неодговорни политики“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.

„Исто така, сакаме да му испратиме порака – кршењето на меѓународното право нема да остане неказнето“, рече тој.

Во врска со напорите на Катар за посредништво за постигнување договор за прекин на огнот во Газа, Ансари рече дека „тоа не изгледа реално бидејќи израелскиот премиер сака да ги убие сите што преговараат со него и да ја бомбардира земјата-посредник“.

„Катар во моментов е целосно фокусиран на одбраната на својот национален суверенитет, одговарајќи на подмолниот израелски напад врз него, преземајќи ги сите потребни мерки за да се осигури дека тоа нема да се случи повторно и повикувајќи ги одговорните на одговорност“, рече тој, додавајќи:

„Сите други политички размислувања сега се секундарни во светлината на ситуацијата со која се соочуваме денес.“

Катар, заедно со Египет и САД, посредува во напорите за завршување на израелската војна во Појасот Газа, во која од октомври 2023 година загинаа речиси 65.000 Палестинци.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Објавено пред

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на руски беспилотни летала би значело војна со земјите од НАТО, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, на Телеграм изјави дека „ја смета европската иницијатива ‘Источна гарда’ за забавна“.

„Но, сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите будали за создавање зона на забрането летање над Украина и можноста земјите од НАТО да ги соборат нашите беспилотни летала би значело само едно – војна меѓу НАТО и Русија. Да ги наречеме работите со вистинското име“, рече тој.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во саботата ја објави операцијата „Источна гарда“, која вклучува распоредување опрема на границите со Белорусија, Русија и Украина.

Медведев ја опиша секоја употреба на замрзнатите руски средства, вклучително и во форма на „заем за Украина“, како „кражба“, предупредувајќи дека доколку тоа се случи, Русија ќе ги гони државите и функционерите на ЕУ „до крајот на времето“ и „со сите можни средства“.

„Без да се откаже од побарувањата против нив поради истекот на рокот за застарување или стекнување имот, и без рок за застарување за гонење за меѓународни злосторства. Во сите можни меѓународни и национални судови. А во некои случаи, дури и надвор од судот“, рече тој.

Одговарајќи на предлогот на австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер за одржување разговори меѓу Русија и Украина врз основа на нејзината неутралност, Медведев посочи на неконзистентноста на нејзините изјави со оние што ги даде два месеци претходно, кога се залагаше за влез во НАТО.

„Беате се отрезни и е многу исплашена“, рече тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа11 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија12 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ15 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија17 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија17 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија17 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија18 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија19 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија20 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија21 час

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет22 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија22 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија22 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија22 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет23 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија1 ден

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија1 ден

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ1 ден

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија2 дена

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...