Свет
Повеќе од 40 уапсени по нередите во Лондон
Повеќе од 40 луѓе се приведени, по синоќешните нереди во Тотенхем, сиромашен кварт во северниот дел на Лондон. Приведените протестираа пред полициската станица во овој дел на Лондон поради убиство на еден 29-годишен маж, во четврток вечерта.
Повеќе од 40 луѓе се приведени, по синоќешните нереди во Тотенхем, сиромашен кварт во северниот дел на Лондон. Приведените протестираа пред полициската станица во овој дел на Лондон поради убиство на еден 29-годишен маж, во четврток вечерта. Протестите станале насилни, при што насилниците се судрија со полицијата, 26 полицајци се здобија со повреди, а беа запалени неколку возила и објекти. Според репортерот на БиБиСи, од последните големи нереди во британската престолнина во 1985 година, односите помеѓу полицијата и населението се подобриле, но убиството во четвртокот ја зголемило напнатоста. Луѓето врз полицијата, возилата и објектите фрлале молотови коктели, тие по судирите започнале да ги пљачкосуваат продавниците во овој дел на Лондон. Целиот инцидент го започнала толпа од 200 луѓе, во најголем број млади, која се собрала пред полициската станица во лондонскиот Тотенхем, за да го изразат својот револт по убиството на еден 29-годишен маж, кој во четвртокот, во пресметката со огнено оружје го загуби животот. Лицето кое е убиено се наоѓало во такси кое било сопрено од полицијата, како дел од претходно планирана акција. Тотенхем е урбано подрачје кое се наоѓа во северниот дел на англиската престолнина, познато е по премиерлигашот Тотенхем Хотспур. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

