Контакт

Свет

Сириските безбедносни сили убија најмалку шест луѓе

Објавено пред

Силите за безбедност на Сирија убија најмалку шест луѓе, во акцијата, во градовите Диер Езор и Хама и во северозападната провинција Идлиб, која се наоѓа на границата со Турција, соопштија денеска активистите за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Силите за безбедност на Сирија убија најмалку шест луѓе, во акцијата, во градовите Диер Езор и Хама и во северозападната провинција Идлиб, која се наоѓа на границата со Турција, соопштија денеска активистите за човекови права.„Операциите кои утринава беа спроведени во Идлиб завршија со двајца загинати и неколкумина ранети, откако безбедносните сили пукаа со огнено оружје“, соопшти Организацијата за следење на човековите права, пренесува АФП. Сириските тенкови влегоа во градот Биниш, кој се наоѓа на 30 километри од границата со Турција, иако поради зголемениот притисок на меѓународната заедница, во Дамаск пристигна турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Целта на неговата посета е да го повика претседателот Башар ал-Асад да го сопре насилството и да му ја пренесе пораката дека Анкара „го губи трпението“. Сириската организација денеска наведе дека две лица денеска починале од здобиените прострелни рани во градот Деир Езор. Во овој град силите за безбедност уапсија 17 лица. Неименуван адвокат изјавил дека двајца луѓе биле убиени во градот Хама, во кој 50 тенкови се распоредени во дистриктите Хилфаја и Тибет ел Имам. Во репресивните мерки кои ги спроведува сирискиот режим, од почетокот на март, кога започнаа протестите, убиени се повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи и 400 припадници на безбедносните сили.  крај/т/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: „Многу сум разочаран од Путин, ќе го скратам рокот од 50 дена“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Шкотска изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, пред да воведе царини до 100 проценти за Русија и нејзините трговски партнери, објавува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, пред да воведе царини до 100 проценти за Русија и нејзините трговски партнери.

„Разочаран сум од претседателот Путин, многу сум разочаран од него, па затоа ќе мора да ја разгледаме ситуацијата и ќе ги намалам 50-те дена што му ги дадов на помал број, бидејќи мислам дека веќе го знам одговорот“, изјави Трамп пред новинарите во Тернбери, Шкотска.

Порано во јули, Трамп му постави ултиматум на Путин, предупредувајќи дека потенцијалните економски санкции против Москва и нејзините трговски партнери би биле катастрофални ако конфликтот не заврши до почетокот на септември.

„Мислевме дека сме го решиле тоа неколку пати, а потоа претседателот Путин излезе и почна да лансира ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично“, додаде Трамп во денешната изјава.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Русин и Германец снимале голи деца со мобилни телефони во камп на Истра

Објавено пред

Полицијата на Истра во саботата уапси двајца мажи, еден Русин и еден Германец, кои тајно снимале голи деца во туристички камп. Двајцата беа однесени во полициската единица за притвор под сомнение за кривично дело експлоатација на деца за порнографија и беа обвинети за кривично дело.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата денес, во саботата, околу 12.45 часот, обезбедувач во туристички објект во областа Ровињ пронашол 56-годишен руски државјанин како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон и го притворил додека не пристигнала полицијата.

Истиот ден околу 14.40 часот обезбедувач во истиот камп пронашол и 52-годишен германски државјанин како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон и исто така го притворил додека не пристигнала полицијата.

Врз основа на налог од надлежниот суд полицијата ги претресе сместувачките единици, мобилните телефони со придружните мемориски картички што ги користеле осомничените и пронајде инкриминирачки материјал. Осомничените беа предадени на полициската единица за притвор во Истра вчера попладне со кривични пријави.

Прикажи повеќе...

Свет

Сестрата на Ким го отфрла дијалогот со Сеул: „Ако се надеваат дека ќе ја свртат ситуацијата со неколку слатки зборови, нема полоша грешка од тоа“

Објавено пред

Пјонгјанг нема причина да го продолжи дипломатскиот дијалог со Сеул, изјави денес сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и покрај изразената желба на новиот јужнокорејски претседател Ли Џе Мјунг да ја смири ситуацијата, објави севернокорејската агенција КЦНА.

dobivaj vesti na viber

„Уште еднаш го разјаснуваме официјалниот став, а тоа е дека, без оглед на политиката што ја усвојува Сеул или каков предлог е даден, ние не сме заинтересирани за тоа и нема причина за средба со Република Кореја или за каков било разговор со неа“, рече Ким Џо Џонг, која е исклучително влијателна личност во севернокорејската дипломатија.

Сестрата на Ким Џонг-ун зборуваше за неповратната некомпатибилност меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна. Нивниот конфликт заврши во 1953 година со примирје, но не и со мировен договор.

Нејзината изјава доаѓа откога јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, кој дојде на власт на почетокот на јуни, вети дека ќе стапи во контакт со Пјонгјанг тврдејќи дека „без разлика каква е цената, мирот е подобар од војната“.

Сеул оттогаш престана да емитува антисевернокорејска пропаганда преку звучници по должината на границата. Набргу потоа Северна Кореја престана да емитува вознемирувачки звуци, што ги вознемируваа жителите на југот во близина на границата дење и ноќе.

Сепак, ова ублажување на тензиите не значи дека Јужна Кореја може да верува во дипломатско ублажување на притисокот, предупреди Ким Џо Џонг. Ако Сеул се надеваше дека ќе ја сврти ситуацијата „со неколку слатки зборови, нема полоша грешка од тоа“, додаде таа.

Новиот претседател на Јужна Кореја изјави дека сака прекуграничен дијалог, без предуслови.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Трамп: „Многу сум разочаран од Путин, ќе го скратам рокот од 50 дена“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Шкотска изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што...

Македонија1 час

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија2 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија7 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт7 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија8 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет8 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион9 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет9 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија17 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија20 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ22 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија23 часа

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија1 ден

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија1 ден

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized1 ден

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион1 ден

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија2 дена

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...