Свет
Салех постави услов за да замине од власта
Јеменскиот претседател Али Абдула Салех нема да ја потпише иницијативата за реформи и избори, сé додека земјата не ја напуштат неговите најголемите опоненти генералот Али Мохсен aл-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар, пишува весникот „ал-Халиџ“ повикувајќи се на јеменската опозиција.
Јеменскиот претседател Али Абдула Салех нема да ја потпише иницијативата за реформи и избори, сé додека земјата не ја напуштат неговите најголемите опоненти генералот Али Мохсен aл-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар, пишува весникот „ал-Халиџ“ повикувајќи се на јеменската опозиција. Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, во средата на состанокот во Ријад со своите колеги од владејачката партија Генералниот народен конгрес, изјави дека ќе ја разгледа можност за рестартирање на иницијативата на организацијата Совет за соработка на арапските држави од Заливот (GCC). „Салех постави услов: тој ќе го потпише документот предложен од страна на GCC и ќе ја предаде власта на неговиот заменик, но пред тоа Јемен треба да го напуштат генералот Али Мохсен ал-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар“, ги цитира весникот зборовите на еден од лидерите на јеменскиот опозициски блок „Ал-Лика ал-муштарак“, Јахја Абу Асба.Двајцата лидери на опозицијата, според зборовите на Aсбa, веќе се согласиле со овој предлог. Генералот Али Мохсен ал-Ахмар – е полубрат на претседателот Салех. Тој долги години беше началник на вооружените сили и се сметаше за „човекот број два“ во земјата. За своето преминување во редовите на опозицијата, и поддршка на „револуционерната младина“, Али Мохсен објави на 21-ви март годинава.Шеик Садер ал-Ахмар е лидер на една од најголемите заедници во Јемен – племето Хашид. Претходно ал-Ахмар, како и неговиот презименик Али Мохсен ал-Ахмар, беше меѓу приврзаници на претседателот. Според Салех, атентатот врз него го организирале извеле поддржувачите на племенскиот водач на Хашидите. Претседателот на Јемен во моментов се наоѓа во саудиската престолнина Ријад, каде што е на рехабилитација по нападот извршен врз него во јуни во кој беше ранет. Планот на Совет за соработка на арапските држави од Заливот предвидува мирно решавање на внатрешниот политички конфликт во Јемен, што треба да се обезбеди со повлекување на претседателот Салех од власта во рок од 30 дена по формирањето на влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да запре со демонстрациите. Иако Салех во принцип не го одбива планот на Советот, претходно трипати под различни изговори, одби да ја потпише оваа мировна иницијатива. На 3-ти јуни врз претседателот Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата во престолнината Сана. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил. Јеменската опозицијата соопшти на 25-ти јули дека нема да влезе во никакви преговори со владата, доколку Салех не го потпише договорот за предавање на власта во рамките на мировната иницијатива на Советот на Заливот Масовни антивладини протести започна во Јемен во почетокот на февруари а од средината на март станаа поорганизирани. Демонстрантите бараат реформи и оставка на сегашниот претседател Салех, кој е на власт 33 години. Јеменски безбедносни сили користат оружје за да ги растурат протестите, а според западните медиуми во текот на немири во земјата загинаа неколку стотици луѓе./крај/аа/сн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

