Свет
Оклопни возила на сириската војска влегоа во Латакија
Механизирана единица на сириската армија во саботата се појави на улиците на пристанишниот град на Латакија, каде што во последно време зачестија антивладините протести, пренесува Reuters
Механизирана единица на сириската армија во саботата се појави на улиците на пристанишниот град на Латакија, каде што во последно време зачестија антивладините протести, пренесува Reuters, повикувјаќи за на локални активисти на сириската организација за заштита на човековите права Syrian Observatory for Human Rights.
Во градот на брегот на Средоземното Море навлегле 20 тенкови и оклопни возила. Настапувањето на оклопните единици веројатно се должи на тоа што на последниот протестен митинг организиран во Латакија, озлегоа околу 10 илјади луѓе кои бараа оставка од претседателот Башар ал-Асад.
„Силни истрели можеа да се слушнат од 10:30 часот до пладне“, изјави за агенцијата лидерот на активистите за човекови права, Рами Абдел Рахман.
Според него, војниците, поддржани од милицијата составена од локалното население извршиле рации во околните села во близина на границата со Либан. По рациите коишто се редовно проследени со апсења, многу луѓе ја напуштаат дадената областа.
Активистите пренесуваат дека војниците потпмогнати од милицијата позната како паравоени единици „шабиха“ навлегле во селото Кусаир, крај Латакија, каде во петокот убиле 11 лица
Во петокот протестите на кои се бараше повлекување на владејачкиот режим на претседателот Башар ал-Асад беа организирани во градовите Хомс, Деир аз-Зор, како и во предградието на престолнината Дамаск, Дума, каде што има најголем број жртви во судирите со полицијата. Меѓу загинатите е и една жена и 16-годишно момче , велат активистите. Опозицијата известува за смртта на 16 лица за време на судирите во неколку градови.
Како што известува BBC, државната телевизија на Сирија јавила дека „по петочната молитва имало мал број демонстранти“, но опозицијата инсистира дека протестите биле многу помасовни отколку што известуваат локалните медиуми. Така, во Деир аз-Зор, на пример, протестирале неколку илјади луѓе./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

