Свет
Палестинците го поднесуваат барањето во ОН на 20-ти септември
Претседателот на Палестинската автономија, Махмуд Абаз ќе поднесе барање за полноправно членство на палестинската држава во Обединетите нации на 20-ти септември, во саботата за AFP изјави палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малики.
Претседателот на Палестинската автономија, Махмуд Абаз ќе поднесе барање за полноправно членство на палестинската држава во Обединетите нации на 20-ти септември, во саботата за AFP изјави палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малики.Барањето ќе му биде поднесено на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, на денот на одржувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Палестинците кон крајот на јули соопштија за својата намера за поднесување барање до Советот за безбедност за признавање на Палестина во Обединетите нации во септември., исклучувајќи притоа можност за нови преговори со Израел пред одржувањето на Генералното собрание на ОН.Палестинците и натаму се соочени со спротиставувањето на САД на нивното барање. Вашингтон се закани дека ќе ја спречи палестинската намера со употреба на вето во Советот за безбедност. Палестинците сакаат да бидат примени во ОН и признавање на Палестина во границите од јуни 1967 година, пред ткн Шестдневната војна, кога ги контролираа Западниот брег, појасот Газа и источен Ерусалим. Израел, покрај поддршката од САД, има поткрепа и од други западни сојузници на Вашингтон, кои ветија дека нема да се согласат со признавањето на Палестина пред постигнување палестинско-израелски договор. Двете најголеми ривалски палестински движења на отпорот, Хамас и Фатах, претходно во мај годинава постигнаа договор да се направи барање за признавање на самостојна палестинска држава во ОН..Повеќе од 100 држави досега официјално ја признаа Палестина како суверена држава врз основа на границите од 1967 година,/крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

