Свет
Либиските бунтовници стигнале на 50 километри од Триполи
Единиците на противниците на либискиот лидер полковникот Моамер ел-Гадафи водат борби со силите лојални на режимот и се пробиваат кон градот Аз-Завија, 50 километри западно од Триполи, во саботата јави Reuters.
Единиците на противниците на либискиот лидер полковникот Моамер ел-Гадафи водат борби со силите лојални на режимот и се пробиваат кон градот Аз-Завија, 50 километри западно од Триполи, во саботата јави Reuters. По шестчасoвна битка бунтовниците ги принудиле војниците лојални на полковникот Моамер ел-Гадафи да отстапат седум километри, и сега востаничките сили се наоѓаат на само 25 километри од Aз-Завија, се вели во информацијата.„По волјата на небесните сили, ќе бидеме во можност да ја нападнеме Аз-Завија за еден или два дена“, го цитира агенцијата еден од воените команданти на бунтовниците во областа, Кохтар Лакдар. Градот Аз-Завија, за бунтовниците претставува отскочна штица за напад врз главниот град на Либија. Доколку противниците на Гадафи ја заземат Аз-Завија, тие може да го блокираат автопатот кој води од Триполи за Тунис. Градот се наоѓа на само 50 километри од Триполи, а во крајот на февруари го контролираат бунтовниците, но владините трупи успеаја да ги потиснат. Во јуни продолжи борбата за градот а во средината на јули бунтовниците го отсекоа нафтоводот, кој ја снабдува Аз-Завија. Според политичките аналитичари, и покрај поддршката од силите на НАТО, бунтовниците сé уште не постигнаa позначаен успех во судирите со армијата на полковникот Гадафи./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

