Свет
Гувернерот на Тексас ја објави кандидатурата за претседател

Гувернерот на Тексас Рик Пери вчера ја објави кандидатурата за номинација од Републиканската партија на претседателските избори во ноември идната година.
Гувернерот на Тексас Рик Пери вчера ја објави кандидатурата за номинација од Републиканската партија на претседателските избори во ноември идната година.
„Искрено верувам дека ќе победам“, изјави Пери пред избирачите за време на посетата на Јужна Каролина, истиот ден кога во Ајова републиканските гласачи се изјаснувале за партиските кандидати.
Пери во обраќањето на избирачите ја критикуваше надворешната политика на САД, демократот Барак Обама и рече дека, ако тој биде избран ќе направи многу повеќе за отворање нови работни места.
Во оваа држава осум републикански кандидати во четврток ја одржаа третата партиска дебата, по која и натаму не се наѕира кој во 2012 би можело да му биде соперник на Барак Обама.
Иако одлуката на Пери не претставува изненадувањем бидејќи се најавува веќе одолго време, се очекува да ја раздрма републиканската трка за номинација, на задоволство на конзервативното избирачко тело.
Неодамнешните анкети покажаа дека Пери, и пред да ја објави кандидатурата, имал значајна поддршка од републиканската база и дека е на второ место по поранешниот гувернер на Масачусетс.
Пери може да се пофали дека за време на неговиот 11 години долг мандат, Тексас забележал економски раст и дека државните финансии не се во долгови, додека неговиот конзервативизам на општествен план обезбедува поддршка од христијанската десница./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Палестинците: Израелските тенкови пукаа врз цивили и убија најмалку 51 лице

Израелски тенкови вчера пукаа врз толпа луѓе кои се обидуваа да соберат хуманитарна помош од камион во Појасот Газа, при што, според медицинскиот персонал, загинале најмалку 51 лице.
Видеото споделено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела на улица во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелската армија призна дека пукала во областа и соопшти дека го истражува инцидентот.
Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека израелските тенкови испалиле најмалку две гранати врз илјадници луѓе собрани на главниот источен пат во Кан Јунис надевајќи се дека ќе добијат храна од камионите со хуманитарна помош што ја минуваат таа рута.
„Одеднаш ни дозволија да се движиме напред, а потоа почнаа да паѓаат гранати, тенкови“, изјави Ала, сведок, за „Ројтерс“ во болницата „Насер“, каде што ранетите лежеа на подот и во ходниците поради недостиг на простор.
„Никој не ги гледа овие луѓе со милост. Луѓето умираат, тие се растргнати, само за да добијат храна за своите деца. Видете ги овие луѓе, сите тие се ранети обидувајќи се да добијат брашно за да ги нахранат своите деца“, додаде.
Медицинскиот персонал соопшти дека најмалку 51 лице загинале, а 200 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба.
Израелската армија (ИДФ) во соопштение наведе дека се обидува да ја минимизира штетата што е можно повеќе.
Свет
Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија

Велика Британија и нејзините сојузници од Г7 треба да објават дополнителни санкции против Русија, соопшти британската влада, засилувајќи го притисокот врз Москва поради војната во Украина.
Се очекува премиерот Кир Стармер да го објави финализирањето на пакет-санкциите и да каже дека сака да работи со сите партнери од Г7.
Целта е да се исцрпат руските енергетски приходи и да се намалат средствата што може да се инвестираат во војната.
Велика Британија веќе санкционира над 2.300 поединци, ентитети и бродови како дел од санкциите против Русија од инвазијата на Украина во 2022 година.
Свет
Трамп: Или ќе направиме фер договор со ЕУ или ќе ни платат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Европската Унија допрва треба да го понуди она што тој го смета за фер договор. Трамп истакна дека Јапонија е тврда во трговските преговори додавајќи дека министерот за финансии, Скот Бесент, останал на состанокот на Г7 во Канада.
Трамп претходно го напушти состанокот на Г7. Обраќајќи им се на новинарите на враќање во „ер форс уан“, Трамп се осврна на односот на Европската Унија со САД.
„Разговараме, но сметам дека сè уште не нудат фер договор. Или ќе направат добар договор или само ќе го платат она што ние велиме дека треба да го платат“, рече Трамп.
Претседателот на САД истакна и дека постои можност за трговски договор меѓу Вашингтон и Јапонија.
„Јапонците се тешки, но на крајот мора да разберат дека ќе испратиме писмо во кое ќе кажеме што треба да платат, инаку нема да работат со нас“, посочи тој.
Трамп најави дека набргу ќе воведе царини за фармацевтската индустрија.
„Набргу ќе се занимаваме со фармацевтски производи. Ова ќе ги врати сите компании во Америка“, убеден е тој.
Дополнително, тој рече дека Канада ќе плати за да биде дел од неговиот проект за ракетниот штит „Златна купола“.