Свет
Во двојна експлозија убиени 5 а ранети 11 лица во Ирак
Во експлозии на две крајпатни мини во ирачкиот главен град Багдад, загинаа најмалку пет припадници на воениот персонал, а повредени се 11 други, од кои осум се цивили.
Во експлозии на две крајпатни мини во ирачкиот главен град Багдад, загинаа најмалку пет припадници на воениот персонал, а повредени се 11 други, од кои осум се цивили.Бомбите експлодираа од плоштадот Антер во северната багдадска област Адамија во неделата наутро, јавува Reuters.„Крајпатните бомби експлодираа една по друга“, изјави генерал-мајор Касим ал Мусави,, портпарол на безбедносните сили во Багдад.Втората бомба експлодирала кога припадниците на безбедносните сили пристигнале на местото на настанот по првата експлозија.„Пет луѓе загинаа, двајца армиски офицери и тројца војници“, дополни во изјавата за агенцијата Мусави.Болнички извори од ирачката престолнина соопштиле дека тројца војници и осум цивили, исто така, се повредени во двете експлозии.Бомбашките напади и други форми на насилство станаа речиси секојдневна појава во Ирак последниве месеци, откако САД и Багдад постигнаа договор со кој преостанатите американски војници од земјата треба да почнат со повлекувањето од декември 2011 година. Според некои, пред сé регионални аналитичари, Вашингтон сепак има намера да го задржи своето воено присуство и по договорениот датум./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.