Свет
Најмалку четворица загинати во воздушен напад на САД во Пакистан
Најмалку четири лица се убиени а други две се ранети во ракетирање на американско беспилотно летало во покраината Северна Пакистан, во племенскиот регион на Пакистан во близина на границата со Авганистан.
Најмалку четири лица се убиени а други две се ранети во ракетирање на американско беспилотно летало во покраината Северна Пакистан, во племенскиот регион на Пакистан во близина на границата со Авганистан.Беспилотното американско летало истрелало два проектила врз еден станбен комплекс и возило паркирано пред него во градот Мираншах во Северен Вазиристан, рано наутро во вторникот, објави AFP. Нападот во кој загинале четири лица и две биле ранети, бил изведен во раните утрински часови во времето кога локалното муслиманско население традиционално ги зема дневните оброци пред почетокот на целодневниот Рамазански пост.Северен Вазиристан е дел од т.н. племенските области во кои живеат горштаците Паштуни, а се протега по должината на границата со Авганистан. Во овие подрачја не важат федералните закони на Пакистан, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Во овие планински области засолништа најдоа стотици исламисти поврзани со талибаните и со Ал Каеда.Официјален Исламабад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитети, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа пакистанската влада предупредува дека во ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 г., американските сили извршиле повеќе од сто напади во оваа област, при што загинаа најмалку 670 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Севкупно, според различни проценки, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан за време на бомбардирањето на беспилотните летала се убиени повеќе од 2.200 луѓе меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите, а повеќе од 1.100 луѓе биле ранети.САД ги засили нападите со беспилотни летала Северен Вазиристан, откако na 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА
Свет
„Нашите црвени линии не се тема за расправа“ – порака на данската премиерка од Брисел
Данската премиерка Мете Фредериксен пристигна на вонредниот самит на Европска унија.
На почетокот им се заблагодари на другите земји членки за поддршката.
„Кога Европа не е поделена, кога стоиме заедно, јасно и силно, вклучително и со подготвеност да застанеме во одбрана на самите себе, резултатите се видливи“, изјави таа.
Истакна дека Данска сака да најде решение и дека побарала посилна вклученост на НАТО во арктичкиот регион, додавајќи дека сите во НАТО се согласуваат со тоa.
„Потоа, на потрадиционален политички и дипломатски начин ќе разговараме со Соединети Американски Држави за билатералниот однос меѓу Кралството Данска и САД“, рече таа.
Притоа повтори дека Данска има свои црвени линии.
„Ние сме суверена држава и за тоа не можеме да преговараме“, порача таа, додавајќи дека Данска е отворена за разговори за зајакнување на соработката во арктичкиот регион.
„Секако дека сме подготвени да соработуваме со САД, како што отсекогаш сме правеле кога станува збор за безбедноста, но нашите црвени линии, кои воедно се и нашите демократски правила, не можат да бидат предмет на расправа“, нагласи Фредериксен.
На прашањето дали и понатаму ѝ верува на американската администрација, таа накратко застaна и дипломатски одговори: „Соединетите Американски Држави се наш близок партнер веќе многу години, но мора да соработуваме врз основа на меѓусебно почитување, без закани. Затоа, секако, се надевам дека ќе најдеме политичко решение во рамките на демократијата.“
Во речиси секој одговор таа повторно ги нагласи данските црвени линии поврзани со суверенитетот.

