Свет
Трибуналот на ОН го објави обвинението за атентатот врз Харири
Специјалниот трибунал на Обединетите нации за Либан, кој го истражува убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири, подигна обвинение против четворица членови на шиитската група Хезболах поради вмешаност во убиството.
Специјалниот трибунал на Обединетите нации за Либан, кој го истражува убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири, подигна обвинение против четворица членови на шиитската група Хезболах поради вмешаност во убиството. Од трибуналот истакнаа дека против четворицата поседуваат доволно докази за против нив да биде покренат судски процес. Објавувањето на обвинението, ное е напишано на 47 страници, уследи откако овој суд минатата недела соопшти дека либанските власти до сега не биле во можност да ги уапсат осомничените, ниту, пак, да им ги врачат обвиненијата. Четворицата членови на Хезболах се обвинети за активирање на камион-бомба, кога на 14. февруари 2005 година, во центарот на Бејрут беа убиени 22 лица, меѓу кои и поранешниот премиер на Либан Рафик Харири. Истовремено, Саад Харири, кој во периодот од 2009 до 2011 година беше премиер на Либан и вториот син на Рафик Харири, го повикаа Хезболах да ги предаде четворицата свои членови, кои се обвинети за убиството на нивниот татко. Хазболах, кој има поддршка на Иран и Сирија, негира дека е вмешан во убиството на Харири, истакнувајќи дека никогаш нема да ги предаде осомничените. Хезболах тврди дека во прашање е „политичко судење“ зад кое стојат САД и Израел. Специјалниот трибунал на ОН за Либан е формиран во 2009 година. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џонсон: Европа би ја нападнала Русија, но нема оружје за тоа
Европските земји сакаат да ја нападнат Русија, но им недостасуваат ресурси за тоа, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, на YouTube.
„Верувам дека е малку веројатно Европа да предизвика директна војна со Русите, бидејќи Европа нема таква можност. Не се сомневам дека имаат желба. Тие би сакале да ја нападнат Русија и чувствуваат дека можат да ѝ нанесат штета. Но, реалноста е дека немаат оружје и искуство да го користат. Тие имаат доволно огнена моќ да запалат оган за кој тие би биле гориво“, објасни експертот, објави Спутник.
Тој потсети на ризикот на кој би се изложиле земјите од Европската Унија доколку навистина се осмелат да ја нападнат Русија.
„Русија, освен ако не биде нападната, нема да изврши превентивни напади врз Европа под никакви околности. Но, ако биде нападната, Русија ќе одговори на таков начин што ќе предизвика огромна болка и страдање на Европа“, нагласи Џонсон.
Фото: принтскрин
Свет
Пирати се качиле на танкер во Сомалија
Пирати се качиле на танкер под малтешко знаме во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбреј“, пренесе Ал Арабија.
Според соопштението, пиратите се приближиле со глисер и отвориле оган врз танкерот, делувајќи од киднапиран ирански брод. Пловилото пловело од Индија кон Дурбан, Јужна Африка.
Британската агенција УКМТО во посебно соопштение објави дека непознати лица се качиле на друго пловило југоисточно од градот Ејла во Сомалија. Засега не е познато дали се работи за ист инцидент.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д.Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски Телеграф.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер, Далибор Демировиќ, веднаш беше осомничен за нејзиното убиство.
Во времето на неговото бегство, Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин

