Свет
Турски авиони ги бомбардираа Курдите во Ирак
Турски борбени авиони вечерва извршија напади врз базите на курдските бунтовници во северен Ирак, јавија турските и курдските медиуми. Нападите на турските бомбардери дојдоа само неколку часа по акцијата на курдските герилци во која беа убиени осуммина турски војници.
Турски борбени авиони вечерва извршија напади врз базите на курдските бунтовници во северен Ирак, јавија турските и курдските медиуми. Нападите на турските бомбардери дојдоа само неколку часа по акцијата на курдските герилци во која беа убиени осуммина турски војници. Турската телевизија ЦНН-Турк јави дека нападот го извршиле петнаесеттина авиони од типот Ф-16“. Новинската агенција Фират, која е блиска до бунтовниците, објави дека авионите ја бомбардирале и планината Хандли, која се наоѓа на границата со Иран, каде се верува дека се кријат лидерите на Курдите. Турските извештаи за нападите се базираат на неидентификувани извори, а официјална потврда за нападите се уште нема. Доколку биде потврдено дека авионите извршиле напади во Ирак, тоа ќе биде прва прекугранична воена акција на Турција уште од летото во 2010 година, кога поради одмазда нејзините авиони извршија бомбардирања врз неколку воени кампови на курдските бунтовници. Министерот за одбрана на Турција, Исмет Јилмаз, по нападот, во која загинаа војниците, изјави дека Турција остро ќе одговори на нападот. Војската, како што јави државната телевизија, веднаш покренала офанзива во покраината Хакари, каде се случи нападот. Во последните два месеци во нападите на курдските бунтовници загинаа повеќе од 30 турски војници. Во својата борба против Курдската работничка партија, Турција има поддршка од САД. Курдската работничка партија се бори за автономија на југоисточниот дел на Турција, во судрите кои започнаа во 1984 година загинаа повеќе од 45.000 луѓе. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.