Свет
Најмалку 39 убиени во Карачи
Најмалку 39 луѓе се убиени во средата и четвртокот во Карачи, мегаполисот во јужен Пакситан, каде што беснеат политичко-гангстерските пресметки, соопшти во четвртокот локалната полиција
Поранешниoт парлемантарец на владејачката Пакистанската народна партија, Ваџа Каримдад, е една од жртвите на насилството кои продолжуваат во најнаселениот пакистански град и покрај распоредувањето на дополнителните воени и паравоени сили во Карачи во последните два дена.„Податоците за убиените од средата наутро до четвртокот попладне, зборуваат за 39 жртви“, изјави за AFP началникот на полицијата во КАрачи, Суад Мирза.Најкрвавите напади според него се одигралеdиграле во квартот Лиара, во јужниот дел од градот, како и во уште неколку квартови.Според Мирза, по распоредувањето на засилувањето на неколкуте стотини преипадници на безбедносните сили, ситуацијата во овие квартови постепено се смирува. Меѓу жртвите од изминатите седмици повеќето се активисти на движењето Мутахида Кауми (Muttahida Qaumi Movement – MQM) и Пакистанската народна партија (Pakistan People’s Party – PPP).Во јули во Карачи се убиени околу 200 лица, што е најсмртоносниот месец последните две децении, цитира Reuters извори од локалната полиција. Според локалните власти, засега не е јасно што директно го предизвика последниот бран насилство, кој започна во западниот дел на градот.Убиствата се случуваат во разни делови од градот. Неидентификувани вооружени лица, кои припаѓаат, според написите во локалниот печат, на спротиставени етнички и политички групи, отвораат оган врз автомобили, комбиња, па дури и автобуси од градскиот сообраќај.Во градот се ангажирани повеќе од илјада припадници на погранично-ренџерските единици од областите на пакистанскo-авганистанската граница. Властите се надеваат дека присуството на војниците ќе помогне за стабилизирање на ситуацијата.Карачи неодамна беше сцена на многу пресметки меѓу криминални групи и спротивставените политички групации и движења. На улиците на 15-милионската метропола најчесто жртви се членовите на завојуваните страни, а особено припадниците на „Авами нејшнл парти“ (Националната народна партија) којашто ги претставува Паштуните, а на спротивната страна од неа е движењето „Мутахида коми мувмент“, која ги обединува припадниците на заедниците кои го говорат урду јазикот, бегалци од Индија и нивните потомци.Чести се судирите меѓу етничките групи, чиј интензитет се зголемува од година во година. Политичките групации инаку веќе подолго време одржуваат во своите редови и вооружени парамилитантни групи.Мухаџирите (преведено од урду јазикот „бегалци“), чиишто семејства се доселиле во Карачи по поделбата на Британска Индија во 1947 година, кои ги обвинуваат Паштуните дека „организираат мафија“ и со гангстерски методи ја држат контролата врз трговијата и градежништвото во градот. Мухаџирите, исто така, се загрижени што во паштунската заедница се сé популарни идеите што ги шири радикалното исламистичко движење – талибаните. Од друга страна, Паштуните тврдат дека се дискриминирани по етничка основа, и тие не можат да добијат добра работа и да имаат нормални животни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Мировниот план е речиси готов
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов.
Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно.
„Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на небото.
Кога беше прашан за „Комитетот за мир“ на Трамп, кој беше ратификуван порано денес во Давос, тој рече дека секој има свои причини за приклучување или неприклучување кон Комитетот.
„Европа сè уште не формирала единствен став за американската идеја. Можеби вечерва, кога ќе се состане Европскиот совет, ќе одлучат нешто. Но, за документите веќе беше одлучено утрово, а вечерва конечно би можеле да одлучат нешто и за Гренланд.
Тој исто така рече дека не треба да се прифати дека Европа е само „салата од мали и средни сили зачинети со непријателите на Европа“.
„Кога сме обединети, навистина сме непобедливи и Европа може и мора да биде глобална сила, не таква што реагира доцна, туку таква што ја дефинира иднината“, рече тој.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Свет
Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.
Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.
Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.
И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.
Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

