Контакт

Свет

Сирија ги отфрла повиците Башар да поднесе оставка

Објавено пред

Сирискиот дневник „Ал Тавра“ кој се смета за владино гласило, ги отфрли денеска повиците кои САД и ЕУ му ги упатија на претседателот Башар Асад да ја предаде власта, додека борците за човекови права информираат дека бројот на загинати демонстранти денеска се искачи на 29.

dobivaj vesti na viber

Сирискиот дневник „Ал Тавра“ кој се смета за владино гласило, ги отфрли денеска повиците кои САД и ЕУ му ги упатија на претседателот Башар Асад да ја предаде власта, додека борците за човекови права информираат дека бројот на загинати демонстранти денеска се искачи на 29.

Коментарот на уредникот, објавен на првата страница на весникот, е првиот официјален одговор на сириската власт на барањето на САД и ЕУ, Асад да поднесе оставка поради крвавото задушување на бунтот кој во таа земја изби кон средината на март, пишува Асошиејтед прес.

Организациите на заштита на човековите права ја обвинија сириската војска и полиција за смртта на над 2.000 воглавно невооружени демонстранти.

Во Хомс, третиот град по големина во Сирија, денеска е пратено засилување , наведоа преставниците на сириската опсерваторија за човекови права од Лондон и Комитетот за локална координација.

Операциите на сириските сили за безбедност продолжија денеска во Хомс и во градот Латакија и покрај ветувањата на претседателот Асад дека дејствијата се завршени.

„Ал Тавра“ наведува дека Сирија во минатото отфрлуваше мешање во своите внатрешни прашања и додава дека Дамаск „ никому нема да дозволи сега да се меша“.

Велика Британија не ја повикува ЕУ да и се придружи на САД во воведувањето на забраната за увоз на нафта од Сирија со цел да се зголеми притисокот на Асад, рече денеска државниот секретар на  Министерство за надворешни работи , Алистер Барт./крај/ап/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП

Објавено пред

Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.

dobivaj vesti na viber

Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.

Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.

И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.

Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Свет

Рутe: НАТО мора да ја зајакне безбедноста на Арктикот

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс.

„Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека можеме да го направиме тоа доста брзо. Секако се надевам за 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година“, рече Руте.

Тој истакна дека сега е до командантите на НАТО да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања и дека е сигурен дека членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.

Руте рече дека за време на разговорот со Трамп, темата за експлоатација на критични минерали во Гренланд не била покрената.

Според него, напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат на ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.

Тој истакна дека конкретните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.

Руте рече дека разговарал со Трамп и за тоа како да се обезбеди безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбедува Арктикот.

„Разговаравме како да се осигураме дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до економијата на Гренланд или во воена смисла“, додаде Руте, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу нив не беше ниту еден од традиционалните западноевропски сојузници на Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

Меѓу земјите чии претставници учествуваа на сцената, доминираа земјите од Блискиот Исток и Јужна Америка, заедно со помал број европски и азиски земји, вклучувајќи ги Бахреин, Мароко, Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Унгарија, Индонезија, Јордан, Косово, Пакистан, Парагвај, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Монголија.

Ниедна западноевропска нација не учествуваше, а некои изразија загриженост во врска со идејата за комитет кој би можел да вклучи противници како Русија.

Трамп објави дека Одборот за мир веќе започнал со работа и „работи прекрасно“. „Имаме одлична група луѓе и неверојатни млади луѓе кои го водат одвнатре“, рече тој.

На присутните лидери, кои ги нарече „во повеќето случаи многу популарни лидери, во некои случаи не толку популарни“, Трамп рече: „Навистина ни е чест што ве имаме тука денес“.

Иако меѓу членовите немаше европски сојузници, Трамп рече за собраната група: „Всушност, ми се допаѓа оваа група. Ми се допаѓа секој од нив. Можете ли да верувате?“

Тој додаде: „Обично имам двајца или тројца кои не ми се допаѓаат. Сега не гледам такви“.

Што е Одборот за мир?

Првично замислен како мала група за надгледување на прекинот на огнот во Газа, проектот оттогаш прерасна во нешто многу поамбициозно. Околу 60 земји се поканети да се приклучат на одборот, по цена од 1 милијарда долари по земја доколку сакаат трајно членство.

Трамп треба да биде првиот претседател на одборот, а плановите предвидуваат тој да служи доживотно.

Новото тело се оформува по американските воени напади врз Венецуела и заканите на Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд и да интервенира во Иран.

Трамп првпат ја изнесе идејата во септември, кога објави план за прекин на војната во Газа. Подоцна рече дека мандатот на одборот ќе се прошири надвор од Газа за да вклучи решавање на други глобални конфликти и промовирање мир низ целиот свет.

Статутот на одборот наводно наведува дека неговиот претседател, Трамп, ќе има широки извршни овластувања, вклучувајќи го правото на вето на одлуките и можноста за отпуштање членови.

Белата куќа ги избра државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како и поранешниот британски премиер Тони Блер, за членови на основачкиот извршен комитет на иницијативата.

Сè уште има многу прашања за тоа каков ќе биде мандатот на Мировниот комитет и како ќе функционира, поради што некои земји се двоумат да одговорат на поканите. Други се прашуваат зошто рускиот претседател Владимир Путин и други авторитарни лидери воопшти беа поканети.

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија2 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија3 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет3 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија4 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија5 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија6 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет6 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет7 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион7 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет8 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет8 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија8 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија9 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет18 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија24 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...